Мачки кои ја сакаат топлината повеќе од што било друго

Мачки кои ја сакаат топлината повеќе од што било друго

Најпознатиот факт за мачките е дека тие го преспиваат најголемиот дел од својот живот. Од друга страна, кога не спијат, тие подготвуваат план за освојување на светот. Но, има уште едно нешто кое го прават, во ситуациите додека спијат и не коваат планови за освојување на светот… Тогаш бараат место на кое можат да се стоплат.

Доказот за ова ќе го најдете во галеријата која следува. Како што може да видите, понекогаш мачката е подготвена да направи сѐ за да ја исполни третата задача во својот живот. Нема сонце? Радијаторот ќе заврши работа. Не може да најде човек врз кој ќе заспие? Тука е неговиот лаптоп. Нема радијатор, ниту лаптоп? Тука е рерната. Мачките се бескрајно инвентивни кога станува збор за барање место за спиење или топло место за починка. Да се надеваме дека не се така инвентивни кога се работи за плановите за освојување на светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар