Мачка – волшебно животно кое ве штити вас и вашата куќа од негативна енергија

Мачка – Волшебно животно кое ве штити вас и вашата куќа од негативна енергија

Спротивно на она што го мислат луѓето, мачката е животно со позитивна аура. Таа под своја заштита го зема не само нејзиниот сопственик, туку целото семејство со кое живее, домот и околината. Не мислете дека мачката само ви пречи ако се врти околу вас. Со ова таа ги споделува со вас своите астрални сили и магијата која се содржи во секоја нејзина постапка. Ако ја отфрлите, вие се лишувате од позитивната енергија која сака со вас да ја сподели ова животно.

1-machka-volshebno-zhivotno-koe-ve-shtiti-vas-i-vashata-kukja-od-negativna-energija-kafepauza.mk

Со мачките не постои втор пат. Тие не можат повторно да ви дадат такви астрални сили, туку дури може и да го земат назад она што ви го дале во минатото. Тие се заштитници на вашиот дом и ве бранат од зли духови. Областа која мачката ја смета за своја е благословена со позитивна аура. Нејзиното присуство помага дури и кога некој ќе се всели во стара куќа каде што претходно живеел некој друг.

Мачката и злите духови

Кога мачката ќе пронајде зли духови во куќата, таа ќе се обиде да ги утврди нивните намери, а потоа целосно ќе ги отстрани од куќата. Ако забележите дека вашата мачка седи на одредено место во куќата и долго време гледа во нешто, тоа значи дека овде постојат зли духови. Астралната способност на мачките е толку силна што може да ги исплаши и да ја ослободи куќата од нив.

Мачката и домаќинството

Луѓето кои ви се љубоморни може да ве урочат, при што ќе почувствувате намалување на здравјето, благосостојбата и просперитетот. Ако се сомневате во нешто вакво, тогаш допрете ја вашата мачка со двете раце, милувајте ја нејзината лева шепа и продолжете сѐ до опашката. Тоа ќе ви овозможи поблизок контакт со неа, а додека го правите ова, вие сте во согласност со моќното животинско царство кое може да ги отстрани и најсилните магии. Мачките се канали преку кои се пренесува космичката енергија и тие може да донесат многу позитивни работи во домаќинството каде што живеат. Во Русија постои ритуал каде пред вселувањето во домот, внатре се пушта мачка. Доколку се работи за стара куќа, мачката ќе ја отстрани негативната енергија која ја оставиле претходните сопственици. Мачките привлекуваат силна енергија во домот затоа што научиле да живеат во високо енергетски зони.

Лекување со мачките

Мачките имаат голема магична моќ која може да излекува една личност. Тоа се однесува на сите видови и сите бои. Тие ќе лежат на заболените места на личноста и несвесно ќе ја излечат. Можете да практикувате континуиран процес на заздравување со едноставно галење на мачките, затоа што оваа активност го ублажува емоционалниот и менталниот стрес, а тоа е најлесен начин за лекување.

Како бојата игра важна улога кога сакате да ги искористите моќите на мачката?

Ако сакате да ги искористите моќите на мачката, многу е важно да ја имате предвид нејзината боја.

Црна: Црните мачки се поврзуваат со окултни сили, вештерки, магија и заштита. Верувале или не, црните мачки имаат голема моќ да ја апсорбираат негативната енергија. Нивната присутност носи мудрост и моќ за добро расудување.

Црвена: Овие животни се поврзани со машката енергија и силата на сонцето, како и со енергијата Јанг. Црвените мачки привлекуваат пари и богатство.

Сива: Нивната позитивна енергија помага за одржување среќа, љубов, мир и емоционална стабилност.

Бела: Белите мачки може да го намалат стресот. Тие поседуваат енергија која може да им пружи добро здравје на членовите во домаќинството.

Двобојни мачки (како сијамските): Тие може да донесат долговечност, успех, соларна магија и енергијата Јин.

Тробојни мачки: Тие го штитат семејството од какво било зло, каде и да се наоѓа и привлекуваат просперитет и среќа.

Пругасти мачки: Овој вид мачки се идеални за оние кои сакаат да привлечат среќа, радост и живост во своите животи. Тие привлекуваат вибрации кои ги држат стресните ситуации подалеку, пренесувајќи им добро расположение на луѓето кои живеат во нивната околина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар