Мачка клептоман

Мачка клептоман

Едно калифорниско соседство живее со необичен мачор крадец во својата средина, но никој не е особено загрижен за исчезнатите предмети, бидејќи знаат каде можат да ги најдат.Мачка клептоманМачорот Дасти кој е сопственост на Џин Чу и Џим Колман од Сан Матео, лута ноќе по соседството барајќи плен, а рано наутро се враќа во домот на своите стопани, носејќи најразлични предмети. Тој краде чевли, плишени мечиња, пешкири, но омилени му се костимите за капење. Во еден случај, тој има украдено долен дел од костим за капење, а подоцна се вратил и по горниот. Нормално, ги украл од жицата каде што тие се сушеле. Во текот на изминатите три години Дасти има украдено повеќе од 600 најразлични предмети, а најмногу 11 во текот на една ноќ.Мачка клептоманНоќните активности на овој необичен мачор крадец му донеле популарност, па телевизијата „Анимал Планет“ го снимила сето тоа.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. noname Reply

    freak cat 😀

Остави коментар