Луксузен сафари хотел во Јужна Африка

Оние кои сакаат да уживаат во убавините на дивата Африка, а притоа да ја избегнат нечистотијата што доаѓа со сафари-авантурата, имаат можност да отседнат во прекрасниот хотел Маратаба во Јужна Африка, сместен во националниот парк Маракеле во областа Лимпопо.

Луксузен сафари хотел во Јужна АфрикаЛуксузен сафари хотел во Јужна Африка

Маратаба всушност е комплекс од дванаесет огромни луксузни шатори изградени од камен, дрво и платно, во кои ентериерот е декориран така што целосно го доловува духот на дивата околина во која што се наоѓа. На секој од нив има тераса на која што гостите можат да се сместат во удобните фотелји и да уживаат во спектакуларната глетка на реки, долини и планини.

Луксузен сафари хотел во Јужна АфрикаЛуксузен сафари хотел во Јужна Африка

Покрај тоа, хотелот нуди можност и за разладување во базенот, кој се наоѓа во неговиот двор. Таму гостите можат да ја добијат и традиционалната африканска вечера, доколку не сакаат на јадат на терасите.

Луксузен сафари хотел во Јужна АфрикаЛуксузен сафари хотел во Јужна АфрикаЛуксузен сафари хотел во Јужна АфрикаЛуксузен сафари хотел во Јужна АфрикаЛуксузен сафари хотел во Јужна Африка

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар