Луѓето од Њујорк

Луѓето од Њујорк“ е еден прекрасен блог кој содржи огромен број фотографии и лични приказни на жителите на најголемиот град во светот. Тој е одржуван од фотографот Брендон Стентон, чија првична намера била да слика 10.000 њујорчани и нивните фотографии да ги прикачи на мапа на градот. Но, со тек на време почнал да ги собира и нивните цитати и кратки приказни кои патем му ги раскажувале, така што добил резултат на кој не се надевал, но е многу поинтересен. Има и своја страница на Фејсбук, на која веќе собрал повеќе од 800.000 фанови. Следуваат неколку од неговите фотографии, а под нив и нивните њујоршки приказни.

Луѓето од Њујорк

„Пред да умре мојот сопруг, го прашав: ‘Мо, што ќе правам јас без тебе?’
Тој ми рече: ‘Шири ја наоколу љубовта која ја имаш за мене.’“

Луѓето од Њујорк

Овој човек чекореше по тротоарот со здиплено платно на грбот.

„Сакам да си ја носам својата уметност со себе“, објаснуваше тој, „тоа ќе ја впие енергијата на градот и ќе му даде душа на ѕидот.“

„Може ли да ѕирнам?“ – го прашав.

„Секако“ – рече тој.„Ова е автопортрет.“

Луѓето од Њујорк

„Оттука одам на работа во пицерија. Јас и жена ми работевме како професори на факултет во Бангладеш. Јас предавав сметководство. Но, еден долар во Америка станува 80 долари кога ќе го пратиме дома.“

Луѓето од Њујорк

„Одам да се видам со мајка ми.“

„Денес ѝ е роденден?“

„Не. Ја сакам мајка ми, а таа сака цвеќиња.“

Луѓето од Њујорк

Во еден од оние моменти кои доловуваат една цела ера, овој Аргентинец беше сликан од њујоршки фотограф затоа што татко му во живо го пренесуваше своето патување на Тајмс Сквер.

Луѓето од Њујорк

„Штотуку се вратив од церемонија на доделување дипломи. Еден мој поранешен ученик ја доби својата магистратура по социјални работи. Тој порасна по колективни домови и прифатилишта. Беше олку мал кога му предавав, но никогаш не се откажав од него, ниту тој се откажа од себе. А види го сега, веќе зборува за докторат. Гледајќи го таму горе, во таа облека… Умот ми е исполнет со слики од денешниот настан.“

Луѓето од Њујорк

„Мојата последна сопруга беше 47 години постара од мене.“

„47 години?!?!“

„Да. Се запознавме кога таа имаше 80 години, а јас 33. Дојде во домот за стари лица каде што работев, а таму таа минуваше по шест часа во денот грижејќи се за сопругот кој беше на смртна постела. Си реков: ‘Ако некогаш мене ме сака на овој начин, ќе биде добро’. Се венчавме по неколку години и останавме заедно додека таа не почина на нејзини 96 години. Да имав пари ќе снимeв филм за тоа.“

Луѓето од Њујорк

„Тој (мачорот) има 20 години. Гледам да го изнесам надвор секогаш кога можам за да стекне некои нови искуства пред, знаете…“ (да умре)

Луѓето од Њујорк

„Штотуку добив награда за најдобра фудбалерка во мојот тим.“

Луѓето од Њујорк

„Има ли некој момент од Виетнам кој особено ве исплашил?“

„30 минути пред да стигнеме таму. Кога авионот полета од Њу Џерси сите се смеевме и игравме карти. Пред да слетаме во авионот беше мртва тишина. Сите гледавме низ прозорците и мислевме на нашите животи.“

Луѓето од Њујорк

„Да не е во тек модната недела?“

„Не, само што излегов од затвор. Овие партали ги носам веќе две недели.“

Луѓето од Њујорк

„Никогаш не сум користел мобилен телефон ниту компјутер.“

Луѓето од Њујорк

„Тој си игра со мене.“

Луѓето од Њујорк

„Другарки сме уште од тринаесетгодишна возраст.“

„Кога ви било најзабавно?“

„О, не знаеме…“

„А кога најмногу сте се смееле?“

„Слушај ме ти мене сега! Да си ги запишеш твоиве прашања што ни ги поставуваш нам, и кога ќе наполниш 85 години, е тогаш пробај да си ги одговориш.“

Луѓето од Њујорк

„Сакам да бидам уметник.“

„Со каква уметност сакаш да се бавиш?“

„Сакам да создавам различни верзии од себеси.“

Луѓето од Њујорк

Го фотографирав момчето од лево затоа што носеше виолина со себе. За време на интервјуто неговото братче се уфрлуваше со свои одговори. Стана јасно дека и тој сака да биде дел од приказната. По неколку прашања постариот му рече на помалиот:

„Дојди да бидеш дел од мојата слика, Рајли.“

Луѓето од Њујорк

„Што ви се допаѓа најмногу кај вашата сопруга?“

„Таа е секси.“

Луѓето од Њујорк

„Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“

„Големо момче.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар