Лудо хоби во Саудиска Арабија – возење автомобил на 2 тркала

Можеби возачката култура во Македонија е на незавидно ниво, но никој не вози поопасно од младите луѓе во Саудиска Арабија. Се разбира дека дрифтањето е кул работа, но тоа не е ништо во споредба со последното возачко лудило кое се случува на Средниот Исток. Ваквото возење се нарекува „странично скијање“ и буквално значи возење на автомобилот на страничните тркала, со голема брзина.Лудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаОвој начин на забавување на младите вклучува странично возење на две тркала на прометни улици, а притоа патниците во автомобилите изведуваат различни трикови, како на пример стоење на кровот од автомобилот, седење на рамката од отворениот прозорец, па дури и менување гума на тркало во текот на возењето. Лудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаОваа егзибиција опасна по живот, очигледно се популаризирала од акционите филмови како што се „The Dukes of Hazzard“ и „Diamonds Are Forever“, а неодамна беше застапена во видео записот на раперката M.I.A. за песната „Bad Girls“.Лудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаСтраничното скијање исто така стана вид спорт за гледачите на адреналински спортови. Толпи од млади девојки и момци седат покрај страните на патот и навиваат за ваквите зависници од адреналин. Некои дури се вклучуваат во нивните смртоносни рути, така што легнуваат на асфалтот и дозволуваат возилото да ги прескокне возејќи со вратоломна брзина. Лудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаЛудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаВозачите користат платформа за да ги навалат возилата на две тркала, а потоа се потпираат на нивните способности зад воланот, за да го спречат превртувањето на автомобилот и потенцијалното убивање на нивните патници. Премалку е да се каже дека овој спорт е екстремно опасен нели?!



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар