Лудиот ноќен живот на Закинтос

Откако денот ќе го поминат сончајќи се на беспрекорните плажи и уживајќи во баровите покрај нив, забавата за посетителите на Закинтос не престанува. Заоѓањето на сонцето го означува само почетокот на лудиот ноќен живот.

Лудиот ноќен живот на Закинтос

Ноќите на Закинтос се диви. Секоја забава таму е дива. Штом се стемни, клубовите почнуваат брзо да се полнат со млади луѓе, кои со помош на гласната музика и не многу скапиот алкохол танцуваат и создаваат еуфорична атмосфера која трае сè до изгрејсонце. Се пушта главно електронска музика, но има и клубови и барови кои прават журки со музика од минатиот век, хип-хоп или рок забави, а се наоѓаат и караоке забави. Покрај тоа клубовите ангажираат и жонглери, дувачи на оган, организираат пена парти, тивки диско журки, разни други тематски забави и сè друго што им паѓа на памет и е интересно.

Лудиот ноќен живот на ЗакинтосЛудиот ноќен живот на Закинтос

Сето тоа не е многу скапо дури и за нашиот стандард. Ретко се плаќа за влез во некој клуб или бар, освен кога гостува некој познат диџеј. Просечната цена на едно пиво е 2 евра, жестоките пијалаци се за околу половина евро поскапи, а безалкохолните се движат под две евра. Во повеќето клубови често пати кога ќе платите за еден пијалак добивате уште еден гратис.

Тоа гарантира незаборавна забава. Утредента наполнете се со енергија дремејќи на прекрасните плажи, па вечер пак одново.

Лудиот ноќен живот на Закинтос Лудиот ноќен живот на Закинтос Лудиот ноќен живот на Закинтос Лудиот ноќен живот на Закинтос Лудиот ноќен живот на Закинтос Лудиот ноќен живот на Закинтос Лудиот ноќен живот на Закинтос Лудиот ноќен живот на Закинтос

 

реклама

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Мартин Глувиќ Reply

    kaj nas 150 denari 0,33skopsko u diskoteka,kaj niv 2evra(120denari)sramotaaaaa beeee….smrdlivoto skopje poskapo od zabavniot zakintos -.- >:(

  2. ilija Reply

    I posle zosto ohrid bil prazen pa eve vi ziv primer

Остави коментар