Лудиот и комплициран свет на Чарлс Буковски низ фотографии и цитати

За животот и личноста на познатиот поет и писател, Хенри Чарлс Буковски најдобро говорат неговите дела, кои уживаат огромна популарност кај читателите. Меѓу најпознатите се романите „Жени“, „Фактотум“, „Пошта“… Тој е роден во Германија, каде ги поминал првите две години од животот, по што неговите родители одлучиле да се преселат во Лос Анџелес, САД.

Живеел тежок и комплициран живот, со многу семејни проблеми, под континуирано психичко и физичко малтретирање од страна на сопствениот татко. Лошите сцени од детството, подоцна го прават роб на алколохолот, а она што го ставил на хартија главно се темели на негови лични искуства. Дури и за секоја негова изјава што ја дал во текот на животот, тргнувал од себе и од неговата улога и позиција во општеството. Починал од леукемија во 1994 година, на 73 годишна возраст.Лудиот и комплициран свет на Чарлс Буковски

„Човекот се раѓа како гениј, а умира како идиот.“

„Јас не ги мразам луѓето. Само се чувствувам подобро кога не се во моја близина.“

„Мојата амбиција е хендикепирана од страна на мрзеливоста.“

„Ништо не е толку досадно колку вистината.“

„Ако сакаш да знаеш каде е Господ, прашај пијаница.“

„Ако се случи нешто лошо, пиеш за да го заборавиш. Ако се случи нешто убаво, повторно пиеш, но за да прославиш. Ако пак, ништо не се случува, пиеш за да се случи.“

Лудиот и комплициран свет на Чарлс Буковски

„Разликата помеѓу уметноста и животот е тоа што уметноста е поднослива.“

„Секако дека можеш да сакаш човечко суштество, но под услов да не го познаваш доволно добро.“

„Целиот свет се темели на страв.“

„Лошиот вкус создава многу повеќе милионери, отколку добриот вкус.“

„Феминизмот постои за грдите жени да можат да се интегрираат во општеството.“

„Да направите досадна работа со стил, тоа е уметност.“

Лудиот и комплициран свет на Чарлс Буковски

„Кога љубовта станува заповед, омразата може да стане уживање.“

„Кога нема болка, тоа значи крај на чувствата. Секое наше задоволство е трговија со ѓаволот.“

„Љубовта е бајка за будали.“

„Луѓето кои сите ги сакаат, не можат да го сменат светот.“

„Мислам дека ако заклучите дека сè е бесмислено, тогаш не може сè да биде потполно бесмислено, бидејќи веќе сте свесни за бесмисленото, а таа свест за бесмисленото, самата по себе дава некаква смисла. Знаете на што мислам? Тоа е како некаков оптимистички песимизам.“

„Се чини дека човек има само два избора – да живее во ужас или да биде пропалица.“

Лудиот и комплициран свет на Чарлс Буковски

„Постојат и полоши работи од самотијата.“

„Што помалку веруваш во животот, толку помалку имаш да изгубиш.“

„Урамнотежена личност не е нормална личност.“

„Каде и да се движи толпата, се движи во спротивен правец.“

„Во ретки случаи сум уметник, но во повеќето сум НИШТО.“

„Ми беа потребни децении да научам да кажам „НЕ“.“

Лудиот и комплициран свет на Чарлс Буковски

„Интелектуалецот едноставните работи ги кажува на комплициран начин, а уметникот комплицираните работи ги кажува на едноставен начин.“

„Разликата меѓу диктатурата и демократијата е тоа што во демократијата најпрво гласате па примате наредби, а во диктатурата не морате да губите време на гласање.“

„Она што е зло и она што нè учат дека е зло се сосема различни работи. Општеството не учи дека одредени работи се лоши само за да нè држи во потчинетост.“

„Подобро ќе слушам приказни за некој жив американски скитник, отколку за мртов грчки бог.“

„Мојот татко беше практичен човек, се удави со чаша вода и заштеди на болнички сметки.“

„Понеделник е мојот омилен ден, сите се на работа, ги нема.“

Лудиот и комплициран свет на Чарлс Буковски


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар