Луди факти за Вселената

Сте се запрашале ли некогаш што би се случило ако Месечината беше поблиску до Земјата? Или пак, од што се составени планетите?

Луди факти за вселената

Погледнете го ова видео или пак прочитајте ги фактите подолу кои буквално ќе ве остават без зборови.

  • Да започнеме со Месечината. Ако таа се доближи премногу блиску до Земјата, океанските плими би направиле комплетен хаос. Сите градови во близината на брегот би се нашле под вода.
  • А сега, нешто интересно за Сонцето. Светлината која моментално удира во Земјата е стара 30 илјади години. Тоа значи дека настанала отприлика во периодот кога неандерталците изумреле.
  • За нашата галаксија има неверојатно многу луди факти. На пример, дали знаевте дека ако го ставите Сатурн во вода тој ќе плови? Сериозно, можете да ги прашите научниците.
  • Постои планета која е направена од дијаманти (55 Cancri e).
  • Глината која се наоѓа на Марс содржи големи количества борон. Станува збор за супстанца која се верува дека е клучна за формирањето на живот. Можете ли да замислите постоење на живот на Марс? Токму поради тоа се испраќаат роверите кои истражуваат на површината на Марс.
  • За крај, да ги спомнеме малку и галаксиите. Едно зрно песок на ноќното небо е колку 10.000 галаксии.
  • За 4 милијарди години, нашата галаксија ќе се судри со галаксијата Андромеда.
  • Се претпоставува дека постојат 72 цивилизации во Млечниот Пат. Научниците веруваат дека постојат големи шанси тие да можат да комуницираат со нас. Но, дури и да најдеме некој со кого би можеле да комуницираме, би биле потребни барем 400 години за да добиеме одговор.
  • Па, колку навистина е голем Универзумот? За жал, одговорот на ова прашање можеби никогаш нема да се дознае…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар