Љубовни поговорки од различни култури кои ќе ви го стопат срцето

Љубовни поговорки од различни култури кои ќе ви го стопат срцето

Сте се прашувале ли некогаш како другите култури размислуваат за љубовта? Доколку ве интересира, погледнете ги следниве 25 прекрасни љубовни поговорки од ширум светот и откријте ја онаа која е совршена за вас…

Љубовни поговорки од различни култури кои ќе ви го стопат срцето

„Кафето и љубовта имаат најдобар вкус кога се топли.“ – Етиопска поговорка

„Не постои друг лек за љубовта освен бракот.“ – Ирска поговорка

„Ништо не е невозможно за срцето кое има волја.“ – Француска поговорка

„Самата љубов е мирна, турбуленцијата доаѓа од индивидуите.“ – Кинеска поговорка

„Каде што има љубов, нема темнина.“ – Бурундиска поговорка

„Љубовната повреда боли, но не убива.“ – Мексиканска поговорка

„Не можете да кажете која е цената на храната и бензинот без да сте главата на домот. Не можете да ја цените љубовта на вашите родители без да имате ваши деца.“ – Кинеска поговорка

„Еден конец за игла, една љубов за срце.“ – Суданска поговорка

„Во љубовта, питачот и кралот се еднакви.“ – Индиска поговорка

„Тој што гази по патот на љубовта поминува илјада метри како да се само еден.“ – Јапонска поговорка

„Љубовта треба да биде покажана преку дела, не зборови.“ – Африканска поговорка

„Денот трае додека не се избрка, но љубовта трае до гробот.“ – Ирска поговорка

„Љубовта е тиранин кој не штеди никого.“ – Намибиска поговорка

„Љубовта ги разбира сите јазици.“ – Романска поговорка

„Сите мажи имаат три уши, едно на левата страна од нивната глава, едно на десната и едно во нивното срце.“ – Ерменска поговорка

„Токму љубовта го прави невозможното возможно.“ – Индиска поговорка

„Срцата на љубовниците се поврзани и секогаш ќе чукаат како едно.“ – Кинеска поговорка

„Љубовта истовремено го прави човекот и слеп и глув.“ – Арабиска поговорка

„Љубовта е слепа, па токму затоа вие треба да го чувствувате вашиот пат.“ – Бразилска поговорка

„Љубовта живее во куќарки, исто како и во суд.“ – Англиска поговорка

„Обидете се да најдете причина за љубовта и ќе го изгубите вашиот разум.“ – Француска поговорка

„Не постои љубов како првата љубов.“ – Италијанска поговорка

„Животот без љубов е како година без лето.“ – Литванска поговорка

„Срцето кое љуби е засекогаш младо.“ – Грчка поговорка


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар