Љубовен тест: Дали сте пар кој ќе остане засекогаш заедно?

Љубовен тест: Дали сте пар кој ќе остане засекогаш заедно?

Дали покрај вас се наоѓа вашиот совршен маж? Земете лист и пенкало, одговорете искрено на овие прашања и откријте дали сте во врска која има долга иднина…

Љубовен тест: Дали сте пар кој ќе остане засекогаш заедно?

1. Вие го поканувате на венчавката на вашата најдобра пријателка. Тој:

а) Се согласува, но поголемиот дел од времето ѝ досаѓа на вашата пријателка

б) Ви помага дури и да изберете подарок

в) Се согласува, но поголемиот дел од времето ѝ се додворува на невестата

2. Заболувате од грип баш во тој момент кога треба да одите на концерт за кој имате влезници за прв ред. Тој:

а) Прво ви носи пилешка супа и потоа на концертот оди со неговата сестра

б) Ги подарува влезниците на пријатели и доаѓа да се грижи за вас

в) Ви вели: „Се надевам дека не си ме заразила и мене“ и го снемува за неколку секунди

3. Вашата стара мачка Бушавка починала. Тој:

а) Ви носи цвеќе и урамена фотографија од Бушавка

б) Чека неколку недели и потоа ве носи во центар за напуштени животни за да го пронајдете вашето ново милениче

в) Ви ја претставува Бушавка, новото плишано маче кое тој ви го купил

4. Вашиот бивш дечко неочекувано се појавува на вашата врата. Тој:

а) Му покажува неколку боречки зафати

б) Го поканува да влезе

в) Ве остава сами за средбата која долго сте ја очекувале

5. Поминале неколку денови откако тој последен пат ви се јавил. Вие:

а) Му се јавувате во време кога знаете дека не е дома и потоа му пишувате порака да го известите за тоа

б) Му се јавувате и го каните на вечера. Вие не сте една од оние девојки кои си играат игри

в) Почнувате да излегувате на места каде што знаете дека тој често оди. Не би требало да ве избегнува

6. На една забава, ваш пријател снима со камера и одеднаш ја насочува кон вас и вашиот партнер. Тој:

а) Непријатно му е. Ве прегрнува и помалку се смешка

б) Се приближува блиску до вас и се смее

в) Вели: „Извини драга, ми сметаш.“

7. Додека тој е на бизнис патување, вие:

а) Наоѓате порака кај него на која пишува „Ми недостасуваш“

б) Секоја вечер ви се јавува за да ви каже добра ноќ

в) Воопшто не се слушате

8. Пораките кои ви ги пишува започнуваат со:

а) „Еј, мала“

б) „Моја најдрага“

в) Вашето име

9. За време на сексот ви излетуваат зборовите „Те сакам“. Тој:

а) Ви одговара: „Тоа е убаво“

б) Ви кажува: „И јас тебе“

в) Се преправа дека не ве чул

10. Додека се шетате низ парк, поминувате покрај пар со бебе. Тој:

а) Изгледа многу разочарано кога сфаќа дека го хранат бебето со шише

б) Не кажува ништо, но цврсто ја притиснува вашата рака

в) Одеднаш одлетува во продавница по нова залиха презервативи

 

  • Решение:

    Најмногу одговори под А

    Иако оваа врска има потенцијал, вие не ги слушате свадбарските ѕвона. На љубовта ѝ треба време да се развие, па затоа е важно да бидете трпеливи и да уживате во запознавањето. Но, како да знаете дали тој е вистинскиот за вас и дека е вреден за трудот? Ако е отворен за разговор и покажува заинтересираност за доброто на вашата врска, тогаш има големи шанси дека сте со вистинскиот. Но, ако постојано се извлекува и не сака да разговара на овие теми, можеби тој и не е толку добар за вас. Најважно од сè, немојте да мислите дека можете да го промените.

    Најмногу одговори под Б

    Вие сте пар од кој на сите околу вас им е смачено. Постојано се гушкате, се држите за рака… Вие сте постигнале вистинска љубов и двајцата се прифаќате онакви какви што навистина сте. Но, внимавајте и не брзајте со последниот чекор во вашата врска. Експертите препорачуваат да почекате од 6 месеци до 1 година пред да почнете да размислувате за свадба. Ќе бидете многу посигурни доколку си дозволите да најдете уште повеќе заеднички нешта.

    Најмногу одговори под В

    Вие можеби сте заљубени во идејата за љубов и не сакате да се освестите за вистинската состојба, па токму затоа и живеете во заблуда. Но, факт е дека оваа врска сигурно се движи кон крајот. Вистинското прашање во моментов е зошто сте сè уште дел од неа? Престанете постојано да се обидувате да ја поправите оваа непоправлива врска и насочете ја вашата енергија кон подобрување на вашиот живот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар