Листа на милијардери од 2017 година: Запознајте ги најбогатите луѓе на планетата!

Листа на милијардери од 2017 година: Запознајте ги најбогатите луѓе на планетата!

Оваа година е рекордна за најбогатите луѓе на планетава, бидејќи бројот на милијардери пораснал за 13%. Минатата година имало 1.810, а оваа година се забележани 2.043 милијардери. Нивното заедничко богатство пораснало за 18% и сега изнесува 7,57 трилиони долари. Погледнете кои луѓе се наоѓаат на оваа листа.

(1)lista-na-milijarderi-na-forbs-zapoznajte-gi-najbogatite-lugje-na-planetata-kafepauza.mk

Бил Гејтс е најбогатиот човек во светот четврта година по ред, а од 23-годишно следење, прв на листата бил 18 пати. Неговото богатство изнесува 86 милијарди долари, за разлика од лани кога имал „само“ 75 милијарди. Џеф Безос од Амазон е човекот кој ја имал најдобрата година бидејќи успеал да додаде 27,6 милијарди на својата сметка, која сега има сума од 72,8 милијарди долари.

(2)lista-na-milijarderi-na-forbs-zapoznajte-gi-najbogatite-lugje-na-planetata-kafepauza.mk

Ворен Бафет за 12 месеци го зголемил своето богатство од 14,8 милијарди долари, и тоа било доволно за да му го земе местото на Амансио Ортега, основачот на продавницата Зара. Ортега заработил дополнителни 4,3 милијарди долари оваа година, но сепак се наоѓа на 4-тото место.

(3)lista-na-milijarderi-na-forbs-zapoznajte-gi-najbogatite-lugje-na-planetata-kafepauza.mk

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг за прв пат се искачил на 5-тото место откако неговото богатство достигнало вредност од 11,4 милијарди долари. Во меѓувреме Карлос Слим Хелу од Мексико, кој некогаш бил најбогатиот човек на планетата се спуштил на 6-тото место. Неколку години тој се наоѓаше помеѓу првите 5.

(4)lista-na-milijarderi-na-forbs-zapoznajte-gi-najbogatite-lugje-na-planetata-kafepauza.mk

На листата се нашле и 195 нови луѓе. Најмногу богаташи има Кина – 76. САД е на второ место со 25 милијардери. Од новопечените милијардери вредни за спомнување се Ивон Чуинард, основачот на линијата за спортска облека „Patagonia“, основачот на „Viking Cruises“, Торстејн Хаген, потоа Клиф Аснес и неговите партнери, како и најмладиот милијардер кој сам го стекнал богатството – Џон Колисон, кој има само 26 години. На листата има само 4-ца луѓе кои се во своите 20-ти, а овде е и основачот на Снепчет. Има 56 милијардери кои се помлади од 40 години, за разлика од минатата година кога имало 66.

(5)lista-na-milijarderi-na-forbs-zapoznajte-gi-najbogatite-lugje-na-planetata-kafepauza.mk

На листата има и 15 нови жени од кои сите, освен една, се од Азија. Оваа година на листата прв пат се најде и милијардер од Виетнам, жена која има сопствена авиокомпанија. На листата се наоѓаат 227 жени, од кои 10 имаат заеднички бизнис со сопругот или братот, па богатството им е поделено.

САД продолжува да биде земјата со најголем број милијардери, а оваа година на листата има рекордни 565. Од Кина потекнуваат 319 милијарди, од Германија 114, а од Индија 101 милијардер. Од листата се отстранети 78 луѓе, вклучувајќи 33 од Кина, 7 Американци и 9 кои сè уште се богати, но го поделиле своето богатство со членовите од семејството. Исто така починале 20 милијардери кои се нашле на листата минатата година. Овде можете да ја погледнете целата листа на милијардери.

Погледнете ги и животните лекции кои можете да ги научите од овие луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар