Лидер, авантурист или оптимист: Одберете ја сликата што најмногу ви се допаѓа и дознајте во која категорија спаѓате!

Овој едноставен, симпатичен и прецизен тест на личноста што ќе ви одземе само 30 секунди од вашиот ден, може да ви открие интересни карактеристики за вашата личност.

Лидер, авантурист или оптимист: Одберете ја сликата што најмногу ви се допаѓа и дознајте во која категорија спаѓате!

1. Вие сте префинети интелектуалци

Вие сте брилијантни и префинети. Малку сте резервирани пред луѓето. Брзо размислувате и имате развиен интелект – можете да решите каква било сложувалка, загатка, задача… Често ја нервирате околината со разговорите што ги покренувате и обично имате сосема спротивни размислувања и ставови од луѓето околу вас. Спокојот и удобноста ви се многу важни, а имате тенденција и да бидете сами и да не обрнувате внимание на емоциите. Најчесто тежнеете кон тоа да останете силни и стабилни, па дури и кога имате емоции, се трудите да ги скриете.

2. Вие сте независни и родени лидери

Вие сте среќни души што скоро никогаш не бараат помош од другите. Најчесто имате висока позиција во друштвото и голем социјален успех. Логиката ве води низ животот, а на секоја животна ситуација гледате како на нова стратегија што треба да се реши. Обожавате да бидете сами и зависите само од себе. Имате многу самоконтрола и сакате да ги држите сите конци во своите раце. Ладни сте, но истовремено и спокојни и стабилни. Вие сте родени лидери!

3. Вие сте шармери и авантуристи

Цврсто стоите на земја, модерни сте и со слободен дух. Иновативни сте, па често од обичните нешта правите необични. Знаете да бидете импулсивни бидејќи секој ден за вас е нова авантура. Со оглед на тоа што поголемиот дел од вашите постапки имаат некоја скриена намера, неретко вашето однесување ја шокира околината. Внимавајте, бидејќи лесно можете да ги навредите или повредите оние околу вас.

4. Вие сте оптимисти и мечтатели

Имате мирна душа, што без прекин сонува. Постојано ја гледате позитивната страна на нештата, па дури и кога се грижите, го правите тоа со насмевка. Имате многу љубов во вашето срце, што често ја делите со најблиските. Интелигентни сте и грижливи, а понекогаш и срамежливи, но ретко кога другите ја забележуваат вашата срамежливост бидејќи сте премногу забавни. Хуморот ви е силна страна, но внимавајте да не ги повредите другите со вашите шеги.

5. Вие сте незаборавни и страсни

Вие сте храбри и вашиот карактер е лесно забележлив и привлечен. Дури и најтешките задачи во животот ги решавате со голем жар. Ве води логиката, и сакате да бидете успешни во сè што ќе започнете. Имајте на ум дека големата страст со којашто го живеете животот може да има и мрачна страна доколку не внимавате – остварувањето на вашите цели не смее да биде по цена на туѓите!  Оставате силен впечаток на околината и лесно го привлекувате вниманието кон себе. Брзо носите одлуки и лесно губите живци.

6. Вие сте доверливи и љубезни

Вие сте љубезни, благодарни сте на сите добри, но и лоши нешта во вашиот живот и обожавате да се грижите за другите. Им помагате на сите оние што имаат потреба од вашата помош, добро ги чувате тајните и луѓето секогаш имаат доверба во вас. Малку сте мистериозни. Можете да балансирате помеѓу две спротивности и каде и да одите, со себе носите хармонија. Љубезни сте, па луѓето уживаат во вашето друштво – кога се покрај вас, се чувствуваат како да се дома.

7. Вие сте мудри и достоинствени

Насочени сте кон мудроста и духовноста. Многу сте достоинствени. Постојано тежнеете кон подобрување на самите себе. Обожавате добра книга, но исто така сакате и кога можете да научите нешто ново. Имате филозофски ум и тенденција да ги претворате малите нешта во големи. Пацифисти сте и добри пријатели, но сепак своите интереси си ги ставате на прво место.

8. Вие сте необични и креативни

Популарните сте, личности од доверба и лесно можете правилно да го процените карактерот на другите луѓе. Имате многу мисли, но често умеете да бидете меланхолични. Креативни сте и знаете како да се изразите, но нештата ги правите на свој, уникатен начин. Никогаш не заборавајте да им покажете на луѓето колку сте чудни – токму тоа е тоа што ве издвојува од останатите. Вие исто така сте и многу шарматни, па затоа луѓето е обожаваат!

9. Вие сте чисти и полни со врлини

Прилагодливи се, искрени, со добро срце и многу позитивни страни. Лесно се вклопувате и се согласувате со околината. Иако на прв поглед делувате како срамежлива личност, вие сте многу отворени со луѓето што ги познавате. Добро знаете кои сте и што сте, верувате во себе и затоа одлично ги проценувате ситуациите, но и луѓето. Тоа е и причината поради која често ви бараат совет или мислење. Вие сте едни од оние што се родени за големи постигнувања!

Сакате да направите уште еден тест? Погледнете го овој со клучеви и ковчег!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар