Зошто го сакаме летото?

Мирисот на жештината, блесокот на сонцето, одблесокот на сончевите зраци во водата, раззеленетите паркови, расцветаните градини, разиграните облачиња, секси здолништа, апостолки што шлапкаат по асфалтите и дигаат прав по песочните плажи… Ах, колку многу причини има да се сака летото… Секое годишно време има свои предности и носи различни убавини, но додека трае летото, треба максимално да уживаме во него бидејќи ќе мине за миг. Како се доживува летото?

Летото е како…

Лето

цвет кој ја видел убавината на денот

Лето

бавчи полни со црвени овошки на зелени дрвја

Лето

нешто суво, жешко, жолто…

Лето

добра топка сладолед во корнет

Лето

магичен одблесок на сончевите зраци од водените површини

Лето

бесконечна игра – прскање во вода и со вода

Лето

читање добра книга на раат

Лето

забава за сите кои знаат како да се забавуваат

Лето

многу денови поминати високо во воздухот

Лето

залез на сонце кој не сакате да го пропуштите

Лето

скокање во вода

Лето

детска радост

Лето

облаци кои играат на небото

Лето

разлеани капки вода кои танцуваат под сончевите зраци

Лето

крајбрежје, вода, песок, плажа…

Лето

свежи краткотрајни дождови

Лето

момент за семејството

Лето

капка роса на тревата

Лето

природата насликана со весели бои

Лето

одмор на планина

Лето

романтична средба под отворено небо

Лето

топол поглед

Лето

страстен бакнеж

Што е за вас летото? Што го прави ова годишно време незаборавно во вашиот живот?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. с.н. Reply

    може ли позадина од осмата слика со наслов “забава за сите кои знаат како да се забавуваат” ..благодарам :))

    • Кафе пауза Reply

      За жал, не постои толку голема верзија од оваа слика.

Остави коментар