„Летечка чинија“ од Алфа Ромео

Во далечната 1952 година Алфа Ромео го „исфрлила“ моделот Ц 52, којшто пленел со својот уникатен вселенски дизајн, заработувајќи го прекарот „летечка чинија“. Годинава, по повод неговиот шеесетти роденден, Алфа Ромео решија да направат современа верзија на легендарниот двосед, наречен Alfa Romeo Disco Volante.„Летечка чинија“ од Алфа Ромео„Летечка чинија“ од Алфа РомеоНесекојдневниот изглед е дело на италијанските каросеристи „Туринг Суперлегера“, кои покрај вселенскиот изглед на Disco Volante, како инспирација го користеле и моделот Alfa Romeo 8C Competizzione. Автомобилот е опремен со В8 мотор чии 450 коњски сили обезбедуваат максимална брзина од 300 км/ч и забрзување од 100км/ч за импресивни 4,2 секунди. Сега за сега овој модел е само концепт, но може наскоро да се очекува и неговото пуштање во продажба.„Летечка чинија“ од Алфа Ромео„Летечка чинија“ од Алфа Ромео„Летечка чинија“ од Алфа Ромео„Летечка чинија“ од Алфа Ромео„Летечка чинија“ од Алфа Ромео


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар