Летачи над Њујорк

Димитар Гошевски

На билбордите од 1978 година, за филмот „Супермен“ пишуваше: „Ќе поверувате дека човекот навистина може да лета“. Викендов на виделина (на Јутјуб се разбира) излезе еден друг тип реклама која ќе ве убеди дека луѓето навистина полетаа. Пред неколку дена се појавија тројца „летечки“ луѓе на небото над Њујорк, уверувајќи ги њујорчани дека човекот навистина успеал да завладее со небото.Летачи над ЊујоркОна што изгледаше како три човечки фигури кои летаат околу облакодерите на Менхетен, во петокот предизвика воздишки изненадувајќи ги случајните минувачи. Но иако на прв поглед сето ова изгледа како страница откината од стриповите, всушност испадна дека е еден многу итар маркетиншки трик за филмот „Chronicle“, кој треба да дебитира во киносалите на 3 февруари 2012 година. Трите фигури во воздухот не се баш луѓе, туку мали летечки машини управувани од своите дизајнери.
Летачи над Њујорк

Филмот ја раскажува приказната на тројца средношколци кои случајно откриваат дека поседуваат супермоќи, вклучувајќи го и летањето. За промоцијата и маркетингот на филмот биле најмени момците од „Thinkmodo“, компанија чија специјалност е да создава хакерски сензации. Тимот се проби во јавноста со видеото на Тајмс Сквер, кое по неколку дена излезе дека е само вовед за филмот „Limitless“. Видеото можете да го погледнете тука.Летачи над ЊујоркНо за „Chronicle“ ни претставуваат малку поинаков метод. Во интервју за TMZ, косопственикот на Thinkmodo, Џејмс Персли кажува дека од нив било побарано да направат интернет сензација за новиот филм и кога конечно, пред три недели нивниот проект бил одобрен, започнале да ги градат авиончињата. Иако Персли не сакал да каже кои се момците кои ги управуваа летечките машини, сепак напомена дека се работи за дел од катедрата на Академијата за воздухопловство од Орегон, Пенсилванија. Според Лос Анџелес Тајмс, тројцата летачи пролетале над реката Хадсон само шестпати и секое летање траело само пет минути поради брзото трошење на батериите. Летачи над ЊујоркЗа разлика од видеото за „Limitless“, каде што не се знаеше за што станува збор, сѐ додека не излезе трејлерот, новото видео (за „Chronicle“) покажува како беше направена целата работа. Како што кажуваат од „Thinkmodo“, во една ера кога сѐ што ќе видиме на телевизија или на интернет, имаме впечаток дека се работи за дигитална манипулација, навистина е импресивно да се направи нешто толку неверојатно.Летачи над Њујорк За тоа зборуваат и коментарите на минувачите кои го виделе ова во живо, велејќи дека изгледало како една воздушна балетска претстава.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар