Легендарни филмски реплики од култниот „Кум“

„Кум“ е задолжителна филмска литература, на која не е на одмет уште еднаш да се потсетиме. Овој пат преку неколку од најдобрите реплики во филмот…

Легендарни филмски реплики од култниот „Кум“

Дон Вито Корлеоне: „Ќе му дадам понуда, која нема да може да ја одбие.“

Дон Вито Корлеоне: „Човек кој не минува време со семејството, никогаш нема да биде вистински човек.“

Том Хеген на неговата сопруга: „Ниту еден Сицилијанец не може да одбие какво било барање на денот на свадбата на неговата ќерка.“

Клeменца: „Остави го пиштолот, земи ги канолите.“

Солоцо: „Не го сакам насилството, Том. Јас сум бизнисмен. Крвта е скапа работа.“

Мајкл Корелеоне: „Татко ми не е поразличен од кој било друг моќен човек, тој е како секој што носи одговорност за други луѓе, како сенатор или претседател.“
Кеј:
„Знаеш ли колку наивно звучиш… сенаторите и претседателите не убиваат луѓе.“
Мајкл Корелеоне:
О, кој е сега наивен, Кеј?“

Том Хеген : „Г-динот Корлеоне е човек кој инсистира веднаш да ја слушне лошата вест.“

Дон Вито Корлеоне: „Сакам да видиш што тој има под ноктите.“

Дон Вито Корлеоне: „Имам сентиментална слабост кон моите деца, ги размазив, како што може да се види. Зборуваат кога треба да слушаат.“

Дон Вито Корлеоне: „Ако ми се обратеше мене, како на пријател, тогаш ова ѓубре што ја повреди твојата ќерка, многу ќе страдаше овој ден.“

Кало: „Во Сицилија, жените се поопасни и од пушка.“

Дон Вито Корлеоне: „Зборуваш за одмазда. Дали одмазда ќе ти го врати синот назад или мене моето момче?“

Мајкл Корлеоне на Карло: „Само немој да ми кажеш дека си невин, бидејќи со тоа ќе ја навредиш мојата интелигенција и многу ќе ме налутиш.“

Мајкл Корлеоне: „Многу работи ме научи татко ми овде, во оваа соба. Ме научи дека треба да ги чувате вашите пријатели во близина, но вашите непријатели уште поблиску.“

Мајкл Корлеоне: „Јас не чувствувам потреба да ги избришам сите, Том. Само моите непријатели.“

Сантино: „Зошто ти е колеџ? За да станеш глупав? Па ти си навистина глупав!“

Хајман Рот: „Не му верувам на лекар, кој едвај зборува англиски.“

Хајман Рот: „Ќе одам да дремнам. Кога ќе се разбудам, ако парите се на маса, ќе знам дека имам партнер. Ако не се, ќе знам дека немам.“

Вито Корлеоне: „Направи го ова за мене. Никогаш нема да ти го заборавам. Прашај ги пријателите во соседството за мене. Ќе ти кажат дека знам како да возвратам услуга.“

Винсент Мансини: „Дон Лукези, вие сте човек на финансиите и политиката. Овие работи не ги разбирам.“ 
Дон Лукези:
„Се разбирате од пиштоли?“
Винсент Мансини:
„Да.“
Дон Лукези: „Финансиите се пиштолот, а политиката знае кога да го повлече чкрапалото.“

Мајкл Корлеоне: „Никогаш не мразете ги вашите непријатели. Тоа влијае на вашето расудување.“

Мајкл Корлеоне: „Никогаш не дозволувајте некој да знае за што размислувате.“

Мајкл Корлеоне: „Подобро е да биде внимателен. Опасно е да се биде чесен човек.“

Дон Алтобело: „Најбогат човек е оној со најмоќни пријатели.“

Мајкл Корлеоне: „Чувствувам… станувам поумен.“
Кеј Корлеоне:
„Колку пoвеќе се разболуваш, толку си поумен, така?“
Мајкл Корлеоне:
„Значи, кога ќе умрам, ќе бидам ептен умен.“

Дон Алтобело: „Ја изгубив страста кон жените, сега умот ми е чист.“

Мајкл Корлеоне: „Пријателите и парите се како масло и вода.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар