Легендарни цитати на зрелите жени од шоу-бизнисот

Американската актерка и комичарка, Џоан Риверс, неодамна ја издаде книгата „Ги мразам сите… Почнувајќи од мене“, во која ги исмејува елитата и шоу-бизнисот. Нејзиниот пример го следеа и нејзините колешки кои имаат повеќе од 60 години и се доволно искусни да ги споделат своите „мудрости“.

„Јас не вежбам. Ако Бог сакаше да се превиткувам, ќе расфрлаше дијаманти по подот.“ – Џоан Риверс, американска актерка и комичарка

„Козметиката е благодет за секоја жена, но нејзин најдобар пријател сè уште е кратковидиот маж.“ – Јоко Оно, јапонски уметник и активистка за мир

„Спијте осум часа за да бидете убави. Ако сте грди, спијте по девет часа.“ – Бети Вајт, американска актерка и пејачка

Легендарни цитати на зрелите жени од шоу-бизнисот

„Длабокиот здив е од голема помош за плитката забава.“ – Барбара Волтерс, американска новинарка

„Мажот треба да биде како тоалет-хартија: нежен, јак и за еднократна употреба.“ – Шер, американска пејачка, актерка и режисерка

„Најдобар начин да го натераш мажот да направи нешто е да му кажеш дека е престар за тоа.“ – Ширли Меклејн, американска актерка, пејачка и активистка

Легендарни цитати на зрелите жени од шоу-бизнисот

„За да не бидеш разгален(а), пеглај си ја облеката сам(а).“ – Мерил Стрип, американска актерка

„Стани еден час порано, а легни си еден час подоцна.“ – Руби Ди, американска актерка, поетеса, новинарка и активистка

„Не легнувајте си налутени. Останете будни и расправајте се.“ – Филис Дилер, американска актерка

Легендарни цитати на зрелите жени од шоу-бизнисот

„Ако сакате брзо олеснување, пробајте да забавите малку.“ – Лили Томлин, американска актерка, писателка и продуцентка

„Секогаш е така како што велам јас; можеби изгледам како да сум вештачка, но сосема сум природна таму каде што е важно.“ – Доли Партон, американска пејачка и актерка

„Сексапилноста е составена 50% од она што го поседуваш и 50% од она што другите мислат дека го поседуваш.“ – Софија Лорен, италијанска актерка

„Мачо-типовите обично не покажуваат многу.“ – За За Габор, унгарско-американска актерка

Легендарни цитати на зрелите жени од шоу-бизнисот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар