Лабрадор од Сиетл со сопствена автобуска карта

Сиетл е навистина модерен град, па можеби и не е толку чудно што едно куче е редовен корисник на една од автобуските линии. Но, она што е интересно е дека кучето се вози само.

(1)labrador-od-sietl-so-sopstvena-avtobuska-karta-kafepauza.mk

Црниот лабрадор кој има 2 години и се вика Еклипс, станало редовен корисник на една автобуска линија откако открило како само да стигне до паркот за кучиња.

„Сите возачи на автобуси ја знаат. Таа седи во автобусот како човек,“ изјавила една од жителите на градот. „Сите ги прави среќни. Не можеш да не ја сакаш.“

(3)labrador-od-sietl-so-sopstvena-avtobuska-karta-kafepauza.mk

Сопственикот на кучето, Џеф Јанг, живее веднаш до автобуската постојка и изјавил дека Еклипс многу пати сама се качува во автобусот ако тој не завршил со својата цигара кога ќе пристигне автобусот.

„Се среќаваме во паркот за кучиња,“ рекол Џеф.

(4)labrador-od-sietl-so-sopstvena-avtobuska-karta-kafepauza.mk

Возачите на автобусот изјавиле дека се навистина среќни што едно куче знае како да го почитува редот. Сепак, кучињата секогаш треба да се врзани и дозволено е да го користат јавниот превоз на одговорност на возачот, сè додека не претставуваат опасност за луѓето.

(5)labrador-od-sietl-so-sopstvena-avtobuska-karta-kafepauza.mk

Иако за нас можеби изгледа чудно, но во Москва постојат многу улични кучиња кои знаат да го користат јавниот превоз. Тие секогаш знаат каде да се симнат, а понекогаш им помагаат и на другите кучиња.

(6)labrador-od-sietl-so-sopstvena-avtobuska-karta-kafepauza.mk

Погледнете и некои интересни работи кои ќе ги разберат само сопствениците на кучиња.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар