Кутија за спиење на аеродром

Оригиналниот концепт за овој проект е направен во 2009 година. Две години подоцна руските дизајнери од компанијата „Arch Group“ конечно успеаја да го направат нивниот прв малечок хотел, кој е наменет за дремнување. Тој се наоѓа на аеродромот Шереметјево во Москва. Кутијата за спиење има два кревета и може да биде изнајмена од 30 минути до неколку часа.Кутија за спиењеКутијата, покрај кревети, содржи и додатни елементи кои можат да ви помогнат со вашите електронски уреди. Целата кутија е направена од дрво, а за во иднина се планира останатите да бидат направени од метал или пластифицирано стакло. Одличниот приватен простор за одмор, може да биде перфектно место на аеродромите за сите патници кои мораат да чекаат долго за својот лет. Во „собичката“ има неколку приклучоци за струја за да си ги наполните уредите, место за оставање на багажот, ламби со ЛЕД светилки, интернет, сеф и телевизор со екран осетлив на допир.Кутија за спиењеКутија за спиењеКутија за спиењеКутија за спиењеКутија за спиење


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. stanko Reply

    samo jos cijena da se pogodi …

Остави коментар