Куса турнеја низ холивудската историја

Куса турнеја низ холивудската историја

„Прошетајте“ низ Холивуд и откријте што се случувало зад филмското платно, како легендарните актери ги снимале познатите сцени, односно што сè се крие зад беспрекорниот филмски свет. Можеби ќе прочитате и по некој факт за вашиот култен филм, на кој досега не сте налетале…Куса турнеја низ холивудската историја1. Прв холивудски филм е „Во старата Калифорнија“ (In Old California, 1910), на режисерот Д. В Грифит. Станува збор за биографска мелодрама за млада шпанска девојка (Мерион Леонард), која има вонбрачен син со идниот гувернер на Калифорнија. Филмот е снимен за само два дена.

2. Кога Хорас и Дајида Вилкокс во 1887 година го основале Холивуд се надевале дека тој ќе прерасне во религиозна заедница. Го искористиле времето на прохибицијата, кога со забраната на алкохолот, властите почнале да нудат бесплатно земјиште за оние што ќе изградат религиозни објекти.

3. За снимање акции со коњи, на почетокот бил користен ефектот „Running W“, односно сопнување со жица. Начинот се покажал како нехуман, бидејќи голем број од животните завршувале со скршеници. Тоа е веќе одамна забрането.

4. Најфилмуван автор е Вилијам Шекспир, со најголем број филмски верзии и адаптации на неговите дела.

5. Најчесто портретиран лик во хорор филмовите е грофот Дракула, создаден од ирскиот писател, Брам Стокер (1847-1912).Куса турнеја низ холивудската историја6. Најстариот познат американски порнографски филм е „Free Ride“, снимен во 1915 година.

7. Првиот Афроамериканец кој добил главна улога во игран филм е Сем Лукас (1850-1916), во „Колибата на чичко Том“ (1914). Првиот Афроамериканец пак, кој направил богата кариера во филмската индустрија е Нобл Џонсон (1881-1978).

8. Холивудска ѕвезда со најмногу главни улоги во играни филмови е Џон Вејн. Се појавил во 153 филмски остварувања. Актер пак, со најмногу појавувања на филм, без разлика на улогата, е Џон Кередин (1907-1979). Добил дури 230 улоги.

9. Во познатата филмска сцена од „Кум“ (1972), врисокот на актерот Џек Волц е спонтан, бидејќи тој не знаел за отсечената коњска глава во неговиот кревет, која пак била вистинска. Главата од животното била позјамена од страна на компанија за производство на кучешка храна. Ваквата пракса за потребите на филмот, во тој период била легална.

10. Анет Келермен (1887-1975) е првата актерка која се појавила гола во филм. Станува збор за филмот „Ќерка на боговите“ (A Daughter of the Gods, 1916).Куса турнеја низ холивудската историја11. Во 1923 година е поставен првиот знак „HOLLYWOODLAND“ (подоцна скратен само во „HOLLYWOOD“). Знакот чинел 21.000 американски долари.

12. Во филмот „Денот на мртвите“ (Day of the Dead), снимен во 1985 година, зомбијата всушност јадат мисиркини нозе на скара, специјално направени да изгледаат како човечко месо.

13. Тројцата главни актери во „Бунтовник без причина“ (Rebel Without a Cause, 1955) починале прерано. Џејмс Дин загинал во сообраќајна несреќа, Натали Вуд се удавила, а Сал Минео бил избоден до смрт.

14. Првите слики во движење ги направил Томас Едисон. Тој првично се противел на нивното прикажување на големото платно, бидејќи сметал дека гледањето „еден на еден“ би било многу попрофитабилно.

15. Првата Афроамериканка – добитник на Oскар е Хејти Мекданиел, наградена во 1939 година, за најдобра споредна женска улога во филмот „Однесено од виорот“ (Gone with the Wind).Куса турнеја низ холивудската историја16. Првиот филм со заработка од над 100 милиони долари е „Ајкула“ (Jaws, 1975).

17. По тешка битка со цензурата, „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ (1966) станал првиот филм со забрана за публика под 18 години.

18. Во „Птици“ (The Birds, 1963) на Хичкок, истренирани птици биле фрлани директно во актерката Типи Хедрен. За секвенца, неколку од птиците биле врзани за неа со најлонски врвки за да не одлетаат. Снимањето било неколку пати прекинувано за да ù насликаат крв на нејзиното тело и да ù ја искинат облеката.

19. Најпознатата сцена во „Егзорцист“ (The Exorcist, 1937), кога Реган (Линда Блер) ја врти главата за 180 степени, е снимена со кукла. Звукот на кршење на вратот бил произведен со виткање на стар кожен паричник околу микрофон.

20. Адолф Хитлер на неговата „листа за истребување“ го ставил и Џек Ворнер (еден од директорите на студиото „Ворнер брадерс“), заради филмот „Исповеди на еден нацистички шпион“ (Confessions of a Nazi Spy, 1939).Куса турнеја низ холивудската историја21. „Планетата на мајмуните“ (Planet of the Apes, 1968) е филм со најголем буџет за филмска шминка. Изнесува дури 1 милион долари и претставува речиси 17% од вкупните трошоци.

22. Филмот „Светлата на градот“ (City Lights, 1931) во режија на Чарли Чаплин, содржи најмногу, односно 324 филмски кадри во една сцена, со што засега го држи рекордот.

23. Најдолгата филмска сцена е во „Blue Movie“ (1996) на Енди Ворхол, која содржи 35-минути непрекинато водење љубов меѓу Вива и Луис Валдон.

24. Во „Рој“ (The Swarm, 1978) е собрана досега најголемата филмска екипа. Станува збор за 22 милиони пчели „вработени“ од страна на Ирвин Ален.

25. Најскапиот црно-бел филм е „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ (Who’s Afraid of Virginia Woolf, 1966). Вкупните трошоци за него изнесуваат 7.500.000 долари. Причина за тоа биле високите хонорари на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.Куса турнеја низ холивудската историја26. „Викинг“ (Viking, 1931) е филм со најмногу жртви во историјата на Холивуд. При неговото снимање загинале 27 лица, вклучувајќи ги режисерот и кинематографот. Несреќата се случила кога бродот на кој снимале, експлодирал од силен удар во глечер, во близина на Њуфаундленд.

27. Во филмот „Волшебникот од Оз“ (The Wizard of Oz, 1939) биле ангажирани 124 џуџиња. Едно од нив пропаднало во тоалетот на студиото и таму било заробено сè до моментот кога го забележале неговото отсуство.

28. Планетата Вулкан во „Ѕвездени патеки“ (1979) е всушност националниот парк „Јелоустоун“.

29. Сага на самракот: Нова месечина (The Twilight Saga: New Moon, 2009) е филм кој најбрзо стигнал до заработка од 100 милиони долари.

30. Оригиналниот наслов на филмот „Истерувачи на духови“ (Ghost Busters, 1984) бил „Судир со духовите“ (Ghost Smashers).


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар