Курс на кој девојките учат како да си најдат богат маж

Во многу делови од светот, на жените не им е лесно да „фатат“ богат маж, ама во Пекинг изгледа дека тоа претставува уметност која може да се научи на курс. Тука, девојките плаќаат 3.000 долари за 30-часовен курс во Центар за морална едукација на жените, во кој учат „техники“ како да бидат поатрактивни, разубавувајќи се со соодветен стил на шминкање или како да препознаат лажго преку набљудување на неговите фацијални експресии. Девојките се едуцираат како да го „прочитаат“ карактерот на мажите кои ги запознаваат, како да ги подобрат нивните конверзациски способности и како културно да сипуваат чај.Курс за девојки, кој ги учи како да се омажат за богат мажБогати, квалификувани ергени му плаќаат околу 4.500 долари на ова училиште, за да запознаат девојки кои го завршиле курсот за „ловење“ богаташ.

Основачот на училиштето Шао Тон, вели дека овој курс ги охрабрува жените да станат најдобри што можат, поради тоа што им е поставена цел.
.

„Ние ги негуваме внатрешните човечки квалитети и развиваме потенцијал“ – вели Шао Тон. „Но, ако го рекламирав школото, велејќи дека тоа ќе ве подучи како да изградите убаво семејство и да се подобрите себеси како личност, многу девојки не би се запишале бидејќи се чувствуваат доволно квалификувани за да го реализираат тоа. Па затоа си помислив, зошто да не бидам поотворена и да речам: Дали сакаш да се омажиш за богат маж?“

Курс за девојки, кој ги учи како да се омажат за богат маж

Девојките кои го посетуваат курсот, се на бикини-настан за спарување со богати мажи.

.

„Кога првпат ќе го сретнеш, треба да обрнеш внимание на левата страна од неговото лице, бидејќи таа страна го отсликува неговиот вистински карактер“ – вели Шао. „Десната страна на лицето, е она што ние го нарекуваме социјално лице. Дознавајќи каква личност е тој уште на првиот состанок, веќе сте на патот кон победата.“

Курс за девојки, кој ги учи како да се омажат за богат маж

Млади жени, кои се надеваат дека богато ќе се омажат, се оценувани од страна на група милионери во Вухан, Кина.

Училиштето се фали дека до сега имало 30 парови, кои завршиле со брак. Основано во август 2010, а до сега за неполна година, на курс се запишале 2.800 жени од средната социјална класа. Кина има 189 милијардери и речиси еден милион милионери – соопштува Ројтерс.
.

„Целејќи кон тие богати момчиња, овие жени мораат да ја познаваат разликата помеѓу сопруга и девојка. Богатите мажи се навикнати на идејата да имаат љубовница, а нивните сопруги треба да бидат толерантни на ова поле. Како и да е, постои таен машки код кој вели: Не излегуваш на исти места со љубовницата, каде што излегуваш со жена ти“ – вели Шао.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар