Културна мечка која ви мавта за топло добредојде

Културна мечка која ви мавта за топло добредојде

Мечките обично не се познати по нивните добри манири. Но, оваа пријателски расположена мечка од расата Кодиак, им возвратила топол комшиски поздрав на посетителите на нејзиниот дом, кога тие поминале покрај неа со автомобилот и ѝ мавнале со раката. Погледнете за што станува збор. 🙂

Мечките од расата Кодиак се најголеми во својата физиономија, а тежат околу 600 килограми. Инаку, се верува дека видеото е снимено во засолништето за диви животни „Olympic Game Farm“ во Вашингтон, каде што се сместени животни кои претходно биле дел од филмскиот шоу-бизнис. Ова до некаде објаснува зошто мечката е толку среќна и исполнета со ентузијазам кога е во близина на луѓе. „Дизни“ имаат повеќе години соработувано со оваа фарма, во период кога ова светски познато студио, продуцирало голем број импресивни документарни филмови.Културна мечка која ви мавта за топло добредојдеВидеово е снимено во јуни 2010 година, но стана вирален хит на интернет дури сега. Неговата популарност е оправдана, со оглед на фактот дека мечката се однесува како некој љубезен добро воспитан човек, кој им мавта на своите познаници.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар