Кул факти кои ќе ви го направат денот поинтересен

1. Дали сте знаеле дека показалецот на „Статуата на слободата“ е долг 2,5 метри?

Кул факти кои ќе ви го направат денот поинтересен

2. Во делови од пустината Атакама во Чиле никогаш не заврнал дожд или барем досега не бил забележан.

3. Најголемата измерена снегулка била широка 38 сантиметри, а дебела околу 20.  Паднала во Монтана, во 1887 година.

4. Кога ќе наполните 75 години, тоа значи дека сте биле будни само 52 од нив, остатокот или 23 години од животот сте ги поминале во спиење.

5. Замислете, крилото на „Боинг 747“ е подолго од должината на првиот лет на браќата Рајт. Тие го измислиле авионот, а нивниот прв обид да летаат со него траел само 12 секунди.

Кул факти кои ќе ви го направат денот поинтересен

6. А, сте слушнале ли дека на земјата живеат онолку кокошки, колку што има и луѓе?

7. Постои вид птица која тежи помалку и од едно денарче.

8. Внимавајте во каква боја се облекувате. Комарците најмногу ги привлекува сината. Можеби ви е чудно, но и тие имаат заби.

Кул факти кои ќе ви го направат денот поинтересен

9. Инсектите се толку многу бројни, што за секој човек има по речиси 200 милиони.

10. И за кенгурите има работи кои можеби не сте ги прочитале. Тие не можат да се движат наназад.

11. Освен луѓето, отисоци од прсти имаат и коалите.

12. Знаете ли дека октоподите имаат по три срца?

13. На човечкото тело се наоѓаат околу три милиони потни жлезди, а човечките коски се пет пати посилни од челикот.

14. Ако сте на диета, добро е да знаете дека за да изедете еден целер ќе потрошите повеќе калории отколку што ќе внесете со него.

15. Не е мит ниту дека ако изедете премногу моркови, може да станете портокалови.

Кул факти кои ќе ви го направат денот поинтересен

16. Просечниот човек троши две недели чекајќи да се сменат светлата на семафорот.

17. Прогнозите се дека еден од две милијарди луѓе ќе доживее длабока старост од 116 години, а можеби и повеќе.

18. Сакате ли да дознаете кој има најголем мозок? Тоа се китовите „Physeter catodon“ чиј мозок тежи речиси 9 килограми.

19. Уште еден сличен податок. Јазикот на синиот кит е потежок од еден слон.

20. Опасните ајкули-тигри се борат меѓу себе уште во утробата на мајката. Ќе се роди, тој што ќе преживее.

21. Ајкулите што ќе преживеат, ќе „тераат“ до 100 години.

Кул факти кои ќе ви го направат денот поинтересен

22. Бамбусот може да порасне до три метри во височина, во рок од 24 часа. Значи, еве кој расте преку ноќ :).

23. А, сте слушнале ли дека 250 луѓе паднале од кривата кула во Пиза?

Кул факти кои ќе ви го направат денот поинтересен

24. Сега ќе се преселиме во Соединетите Американски Држави. Таму секојдневно се јаде по 303.514 квадратни метрипица.

25. Поранешниот претседател на САД Бил Клинтон за време на неговиот 8-годишен мандат, испратил само две имејл пораки.

26. И за крај. Кога се смеете активирате 14 мускули, а кога се лутите 43. Сепак, продолжете да се смеете. Полесно е :).

Кул факти кои ќе ви го направат денот поинтересен

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. CHAOSMKD Reply

    Bitch please (за последното)

    It takes 12 muscles to smile :)
    It takes 11 muscles to frown -.-
    It takes 0 muscles to…… NOT GIVE A FUCK :pokerface:

Остави коментар