Кул бариста си дава отказ со стил

Доколку планирате да си дадете отказ од кафулето во коешто работите за да започнете сопствен бизнис, воедно можете и да им приредите мала забава на муштериите пред да си заминете. Шефовите не ни можат да му се налутат на ова откачено и харизматично момче, кое сакало на убав начин да се поздрави од тие прекрасни луѓе. Погледнете за што станува збор:

Неговото име е Фил Сипка. Тој работел како бариста, но решил да ја напушти својата работа за да отвори сопствено непрофитно кафуле во сиромашен кварт.

Кул бариста си дава отказ со стил

За вокалната група „The Voices“ која го придружува Фил во перформансот, му помогнал тимот од Шоуто на Стив Харви. Новото кафуле ќе се вика „Kusanya Cafe“ и ќе се отвори наскоро.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар