Куќи на несоодветни места

Овие куќи се неколку светски познати примери за кинескиот неологизам „nail houses“, што означува куќи чии сопственици не сакаат да ги продадат на некој инвеститор за развој на околината.
.

  • Куќата на Едит Мејсфилд, Сиетл, САД

Куќи на несоодветни местаЕдит Мејсфилд се вселила во оваа мала куќичка која се наоѓа во Балард, Сиетл, многу пред градежниот бум во околината т.е. во 1966 година. Од тогаш почнала да добива многу понуди од разни градежни фирми за да го продаде својот имот, кои достигнувале и до 1 милион американски долари, но таа секогаш ги одбивала. Откако увиделе дека поинакво решение не е возможно, архитектите одлучиле да изградат огромен комплекс, притоа заобиколувајќи ја малата куќичка на Едит.
Куќи на несоодветни места.

  • Куќата на Ву Пинг, Чонгкинг, Кина

Куќи на несоодветни местаОваа куќа веќе не постои од април, 2007 година, бидејќи после 3 годишното договарање, газдарицата Ву Пинг, конечно се раздели од нејзе и сега е побогата за 1 милион јуани (околу 107 250 евра). Откако целиот кварт се наоѓал во очајна состојба и наликувал на депонија, во 2004 година една кинеска фирма се договориле со сите станари, на неговото место да изгради голем трговски центар. Госпоѓата Пинг била единствената од 241 станар која одбила да се исели и следните 3 години ги живееше опколена со темелите на идниот трговски центар.
Куќи на несоодветни места.

  • Фармерите на аеродромот Нарита, Токио, Јапонија

Куќи на несоодветни местаВо 1966 година Јапонската Влада ги презентирала плановите за изградба на новиот аеродром во близината на Токио. Во наредните години редовно се одржувале протести кои ја попречувале изградбата на аеродромот, кои понекогаш завршувале дури и фатално. Протестите се одржувале поради спорната трета писта која била планирана за изградба врз имотите на неколку фармери од регионот. До денешен ден, фармерите сѐ уште не прекинуваат со блокадата за третата писта и сѐ уште живеат на своите фарми, иако аеродромот нормално функционира од 1978 година.
Куќи на несоодветни места.

  • Куќата на Остин Спрингс, Вашингтон, САД

Куќи на несоодветни местаВо 2006 година, Остин Спрингс среќно си живеел во куќа која набрзо станала трн во око на едни локални инженери. Куќичката толку им засметала што тие му понудиле 3 милиони американски долари за да отсели од неа, иако нејзината вредност кога тој се вселил била само 200 000 американски долари. Сепак, тој ја одбил понудата и започнал да зема кредит за да ја претвори во пицерија.
Куќи на несоодветни места.

  • Зградата на Чаи Жуксианг и Женг Лианхо, Шенжен, Кина

Куќи на несоодветни местаВо 2006 година, на двајцата сопственици на оваа 7-катна зграда, Чаи Жуксианг и Женг Лианхо, им се обратила една градежна фирма чија идеја била да го претворат целиот простор во профитабилен финансиски центар. Двојката не дозволувала рушење на зградата, па така сѐ се претворило во војна на наддавање. На крајот инженерите понудиле сума која била тешка за одбивање, според прогнозите од 10 до 20 милиони јуани (1-2 милиони евра), па така успеале да ги отселат гордите сопственици.
Куќи на несоодветни места

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар