Куќи издлабени во карпи

Во најчудниот бајковиден пејсаж, камени конуси и пирамиди се издигнуваат од голите рамнини. Волшебните бои (пастелна крем боја, розова, црвена, сина) на пределот Кападокија, Турција ја прават тамошната атмосфера уште поневеројатна.Куќи издлабени во карпиКуќи издлабени во карпиПештерите издлабени во Капдокиските куполи или стрмнини служеле како удобни куќи. Во нив температурата во текот на целата година останувала речиси иста, штитејќи ги жителите од летните горештини и зимското студенило.Куќи издлабени во карпиКуќи издлабени во карпиНа одредени места имало многу пештери: во Учисар, во лавиринтот од простории издлабени во големата карпа можеле да живеат дури илјада луѓе.Куќи издлабени во карпиНаселбите на многу Кападокијци биле скриени и се наоѓале во големи подземни градови. Длабоко во земјата, многубројните лавиринти со многу простории биле поврзани со тесни тунели и скали по кои од едно ниво можело да се премине на друго.Куќи излдабени во карпиКуќи издлабени во карпиСе проценува дека во градот Деринкуј живееле 20.000 луѓе, во населба со 20 нивоа. Деринкуј, инаку, значи „длабок бунар“. Градот се состоел од простории за живеење, заеднички кујни и отвори за вентилација и вода, а во него имало и преса за вино, подруми, штали со јасли за хранење добиток, цркви, па дури и гробишта.Куќи издлабени во карпиКуќи издлабени во карпиПросториите биле осветлени со светилки на масло. Во случај на опасност, до влезот во тунелот можело да се дотркалаат големи тркалезни камени блокови со кои градот можел целосно да се затвори.Куќи издлабени во карпиКуќи издлабени во карпи

За авторот

Поврзани содржини

  1. Pingback: Куќи издлабени во карпи | Вистината ќе ве ослободи

Остави коментар