Куче сфаќа дека е прелажано и прави израз на лицето кој слатко ќе ве насмее

Кучето Ануко не е импресионирано кога неговата сопственичка Џазмин Милтон се обидела да го измами преправајќи се дека му фрла топче за играње. Така настанала оваа легендарна фаца. :)

1.kucheto-sfakja-deka-e-prelazhano-i-pravi-izraz-na-liceto-koj-slatko-kje-ve-nasmee

Овој бесценет израз на лицето на измамената сибирска хаска е фатен од неговата сопственичка, која е 18-годишна студентка по психологија од Ајлсбери, а откако ќе ја погледнете фотографијата, ќе сфатите зошто ова куче стана хит на социјалните мрежи за многу брзо време.

„Го добив Ануко набрзо откако се лекував од депресија, и оттогаш ова куче ми го подигнуваше расположението секогаш кога бев тажна“, изјавила Милтон. „Тој ме тераше да одам надвор кога јас само сакав да лежам во кревет. Ме засмеваше кога никој друг не успеваше во тоа, а сега тој го засмева целиот свет. Ануко е мојот херој и дефинитивно е повеќе одошто само преубаво лице!“

Сериозниот Ануко има повеќе од една година и отсекогаш го имал овој ист поглед.

2.kucheto-sfakja-deka-e-prelazhano-i-pravi-izraz-na-liceto-koj-slatko-kje-ve-nasmee 9.kucheto-sfakja-deka-e-prelazhano-i-pravi-izraz-na-liceto-koj-slatko-kje-ve-nasmee 8.kucheto-sfakja-deka-e-prelazhano-i-pravi-izraz-na-liceto-koj-slatko-kje-ve-nasmee 7.kucheto-sfakja-deka-e-prelazhano-i-pravi-izraz-na-liceto-koj-slatko-kje-ve-nasmee 6.kucheto-sfakja-deka-e-prelazhano-i-pravi-izraz-na-liceto-koj-slatko-kje-ve-nasmee 5.kucheto-sfakja-deka-e-prelazhano-i-pravi-izraz-na-liceto-koj-slatko-kje-ve-nasmee 4.kucheto-sfakja-deka-e-prelazhano-i-pravi-izraz-na-liceto-koj-slatko-kje-ve-nasmee 3.kucheto-sfakja-deka-e-prelazhano-i-pravi-izraz-na-liceto-koj-slatko-kje-ve-nasmee

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар