Куче дотерано во машка дизајнерска облека

Не се случува често да наидете на толку добро облечено куче како ова, кое е подотерано од повеќето луѓе кои шетаат по улиците. Дури и ако не сте од оние луѓе, кои сметаат дека кучињата треба да се облекуваат, сепак ќе ви биде тешко да одолеете на големите кафени очиња на ова елегантно куче.Куче дотерано во машка дизајнерска облекаБоди спаѓа во расата шиба ину, има 3 и пол години и живее во Њујорк. Негова главна преокупација во текот на денот, е да биде главниот манекен на блогот за машка облека „Menswear Dog Blog“, нов портал кој нуди модни совети за мажи. Сопствениците на кучето Дејвид Фанг (28-годишен моден дизајнер) и неговата девојка Јена Ким (26-годишна графичка дизајнерка) ја добиле идејата во едно досадно саботно попладне. Куче дотерано во машка дизајнерска облекаКуче дотерано во машка дизајнерска облека

Мислевме дека би било забавно да го дотераме нашето куче во убава машка облека, за да се посмееме. Но, откако објавивме една фотографија на Фејсбук и видовме колку неверојатен одѕив добивме од нашите пријатели и семејство, сфативме дека сме налетале на нешто неверојатно“. – објаснува Дејвид

Куче дотерано во машка дизајнерска облекаБлогот е активен помалку од месец дена, но резултатите и одѕивот од посетителите се одлични. На почеток, Боди ја носи само облеката на Дејвид, но се надеваат дека во иднина ќе можат и да склучат договор со некоја модна марка. Дотерано со одлична брендирана машка облека која е во сопственост на Дејвид и разни аксесоари, мора да се признае дека ова куче навистина умее да позира и одлично да си ја работи својата манекенска работа. Куче дотерано во машка дизајнерска облекаОдлична идеја за бизнис нели? Веќе си го замислив и слоганот на модната марка: „Облека која им стои добро на сите. Дури и на вашето куче.“ :)Куче дотерано во машка дизајнерска облекаКуче дотерано во машка дизајнерска облекаКуче дотерано во машка дизајнерска облекаКуче дотерано во машка дизајнерска облека


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар