Крзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолго

Повеќето кучиња живеат помеѓу 10 и 13 години, но има и такви кои живеат многу подолго, па дури и двојно повеќе од тоа достигнувајќи ја и 27-мата година. Иако тие кучиња се дел од листата на најдолговечните раси на кучиња во светот, сепак рекордот го држи австралискиот овчар Блуи, кој проживеал неверојатни 29 години. Би било навистина прекрасно кога сите кучиња би живееле толку долго. Во продолжение, прочитајте кои раси на кучиња живеат најдолго.

1. Чивава

Крзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолго

Едно од најдолговечните кучиња е чивавата која веројатно затоа е и толку малечка. Во просек, тие живеат помеѓу 15 и 20 години, додека најстарата забележана чивава на светот починала изминатава година на 20 години.

2. Јоркширски териер

Крзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолго

Едно од најпопуларните кучиња кое долго ги усреќува и радува своите сопственици – јоркширскиот териер, живее помеѓу 17 и 20 години.

3. Померанец

Крзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолго

Овие крзнени топки во просек живеат помеѓу 12 и 16 години. Нивните влакна се многу меки и густи и сопствениците обожаваат да им прават интересни кучешки фризури, како што е случајот и со најпознатиот померанец – Бу, кој секогаш изгледа како плишано мече.

4. Јазавичар

Крзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолго

Овие кучиња имаат многу енергија и жив, динамичен карактер и обично живеат помеѓу 12 и 15 години, но можат да доживеат и повеќе. Еден од најстарите јазавичари на светот, по име Шанел, доживеал дури 21 година.

5. Мини пудлица

Крзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолго

Животниот век на овие паметни кучиња кои можете лесно да ги тренирате, обично трае помеѓу 12 и 15 години. Сепак, најстарата пудлица по име Шејмус живеела дури 20 години.

6. Малтезер

Крзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолго

Уште едно популарно мало кученце кое со своите сопственици ужива од 12 до 15 години. Малтезерот е древно кинеско куче чии корени потекнуваат од Малта, од каде и го добива своето име.

7. Ласа Апсо

Крзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолго

Овие кучиња имаат прекрасен карактер и просечен животен век како и преостанатите мали кутриња, односно од 12 до 15 години. Ласа Апсо се наводно одгледувани за да помогнат во чувањето на будистичките храмови.

8. Мопс

Крзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолго

Станува збор за едно од најпознатите мали кутриња со кое ве очекуваат 12 до 15 години среќа и веселба. Како и малтезерот, така и оваа раас се древни кинески кучиња кои се обожавани низ скоро целиот свет.

9. Бигл

Крзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолго

Бигловите се сметаат за едни од најдобрите домашни миленичиња, посебно за децата, бидејќи се послушни и сакаат да бидат активни. Во просек живеат помеѓу 12 и 15 години, но познатиот бигл Буч, кој починал во 2003-тата, живеел дури 27 години.

10. Џуџест шнауцер

Крзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолго

Ова весело кутре е полно со енергија и обожава да си игра, а исто така можете и лесно да го тренирате. Во просек живее помеѓу 12 и 15 години, а е најсреќно кога времето го поминува активно, играјќи си со своите сопственици.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар