Критичари, роднини и промотори: 11 видови луѓе кои не ви се потребни на Фејсбук

Имаме можност да запознаваме многу интересни и занимливи луѓе на социјалните мрежи. На пример, на Фејсбук секогаш внимателно додаваме и прифаќаме луѓе кои добро ги познаваме, со кои се дружиме, како и оние со кои сме во роднинска врска. И сите ние знаеме какви коментари оставаат нашите роднина под фотографиите. Да, тука секогаш може да се најдат луѓето кои некако се задолжителни. Потоа, се појави Инстаграм каде што многумина избираат да го заклучат својот профил и да ги одобрат само луѓето кои ги познаваат. Затоа, ако сакате да го направите истото со вашиот Фејзбук профил, без пардон избришете ги овие луѓе од вашата листа на пријатели.

1-kritichari-rodnini-i-promoteri-11-vidovi-na-lugje-koi-ne-vi-se-potrebni-na-fejzbuk-www.kafepauza.mk_

1. Не ви се потребни луѓе кои ве критикуваат, напаѓаат и понижуваат. Ако објавите нешто, а некој се „закачи“ на вас и започне да ви држи предавања и да ви „соли памет“, а вие не сте имале намера да навредите никого, бидејќи тоа е ваш личен профил на кој можете да правите што сакате, тогаш зошто ви е потребен тој пријател?

2. Луѓето кои баш секој детаљ од својот живот го споделуваат на Фејсбук. Тие се толку досадни! Кому му е грижа што тој некој станал и пиел кафе наутро додека размислувал колку е убав денот? Па, потоа размислувал што да јаде. Па, потоа одел да прави нешто толку неважно за вас. И сето тоа го објавува како статус!

3. Не ви е потребна ниту депресивна личност која постојано кука и очекува другите да ја сожалуваат. Во 90% од случаите тоа е чисто претерување.

4. А, можете да ги избришете и луѓето на кои им се случуваат само добри работи. И тоа отприлика во исто време од неделата. Ново работно место, брак, гостување кај Опра…

5. Јасно е дека луѓето го користат Фејсбук за да промовираат нешто што имаат, некој свој бренд или слично, но навистина не мораат да ве вознемируваат постојано да им ги лајкнувате статусите, да им го споделувате профилот или страницата и слично.

2-kritichari-rodnini-i-promoteri-11-vidovi-na-lugje-koi-ne-vi-se-potrebni-na-fejzbuk-www.kafepauza.mk_

6. А, пријателката која е опседната со мајчинството и постојано објавува феминистички статуси и текстови? Малку е чудна, зар не? Навистина не мора да знаете зошто на момците им е важно да имаат силна жена покрај себе која ќе им глуми мајка.

7. И активистите кои се борат за што било, ако претеруваат и ве вознемируваат со своите барања, заслужуваат да ги избришете од пријатели.

8. Личностите кои ве нервираат со своите ставови, граматички грешки или на кој било друг начин не мора да се најдат на вашата почетна страница.

9. Личностите кои се опседнати со мемиња… Оригинални се, навистина.

10. Апсолутно сите луѓе од средно училиште или од факултет со кои воопшто не сте се сложувале и кои до ден денес ве нервираат, слободно можете да ги заобиколите кога ќе се вклучите на Фејсбук.

11. Можеби ќе ви звучи погрешно, но навистина не морате да ги гледате ни вашите роднини додека сте онлајн.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар