Крикет воините од племето Масаи

Крикет воините од племето Масаи

Крикетот е еден од најпопуларните спортови во светот иако се игра само во Велика Британија и во најголем дел од земјите каде што ова кралство во минатото извршило влијание. За играчите на крикет е карактеристично тоа што секогаш се добро облечени и изгледаат малку поелегантно од колегите од другите спортови.

Крикет воините од племето Масаи

Крикет тимот на племето Масаи е поинаков. Воините од ова племе во Кенија решиле да ги остават своите копја и стрели и да ги заменат со палки и топчиња, но истовремено го задржале и својот уникатен стил на облекување согласно нивната традиција. Наместо уредната спортска облека, тие носат носии и накит исто како и нивните предци.

Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи

Покрај нивниот некарактеристичен изглед, тимот на воините од Масаи е уникатен и по тоа што нивната цел освен да се забавуваат е и да промовираат здрав животен стил и да ја зголемат свеста за опасноста од ХИВ вирусот и сидата.

Виновник за тоа е Алаја Бауер, биолог-истражувач од Јужна Африка на која многу ѝ недостигала играта за време на работниот ангажман во Кенија. Таа успеала да обезбеди финансиски средства за формирање на тимот, купување опрема и одржување на повремени натпревари, иако Кенија нема организирано првенство во крикет. По нејзина иницијатива, денес членовите на овој тим патуваат по училиштата во сиромашните краеви на Кенија за да ги учат децата на основите на играта, а при тоа им ја објаснуваат и важноста за здравиот животен стил.

Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар