Крф – дестинација за летен одмор

Магичниот островот Крф се наоѓа во Јонското Море, покрај брегот на Епир, во Грција. Овој остров ги комбинира софистицираната атмосфера, зелените падини, сината вода и долгите песочни плажи. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморОстровот Крф има богата историја и затоа претставува место за туристичко разгледување. Во него се забележуваат историските влијанија на Венеција, Британија, Франција и Русија, кои прават ова место да биде необично и привлечно. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморСтариот град на Крф е едно од најатрактивните места во светот. Карактеристични за Стариот град се тесните улици во венецијански стил, елегантните аркади и опуштената пријателска атмосфера. Историјата на Стариот град се забележува на секој чекор. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморМногу од планините на Крф се дом на ретки видови орли и орхидеи. На веб-страницата за светско наследство на УНЕСКО Крф е наречен „град кој зрачи со аристократска аура“ заради многубројните космополитски ресторани. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморПокрај идиличното и фасцинантно крајбрежје на Крф се наоѓаат карпести заливи и долги песочни плажи, додека самиот остров изобилува со маслинови градини кои служат како природна граница меѓу древните села. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморНајпопуларните плажи на Крф се оние по должината на западниот брег. Најразвиени се плажите на источното крајбрежје, каде што се наоѓаат и многубројни хотели и барови. Северниот дел од Крф е резервиран за одморалишта, додека плажите во јужниот дел на Крф се мирни и идеални за оние кои сакаат да уживаат во природните убавини. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф е вистински рај за туристи заради одличната туристичка инфраструктура која вклучува забавен ноќен живот, агенции за изнајмување автомобили, туристички агенции и бесконечен избор на хотели, соби за изнајмување, станови, студија и вили кои ќе ги задоволат вкусовите на посетителите. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одмор


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. martina Reply

    destinacija koja mora da se poseti posebno od mladite bidejki nokniot zivot e predobar

Остави коментар