Креативни производи инспирирани од Ајфон

Колку си со сакате вашиот мобилен телефон? Дали го имате токму оној што го сакате или можеби трагате по нешто подобро и трпеливо собирате пари за да си го купите во блиска иднина?! Во двата случаи, дали би сакале да ве опкружуваат и други предмети кои се инспирирани од дизајнот на вашиот омилен гаџет? Еве некои за кои инспирација бил токму овој Еплов гаџет.

1. Предизвикувачка Ајфон-маица

Креативни производи инспирирани од Ајфон

Оваа маица не ја користи истата технологија како самиот Ајфон, но ефектот што го предизвикува веројатно е многу сличен. Дефинитивно предизвикува да поминете со прстите преку неа :).

2. Подметачи за чаши во вид на Ајфон-икони

Креативни производи инспирирани од Ајфон

Навистина уникатен начин да ја заштитите масичката во вашиот дом… Овие подметачи за чаши претставуваат икони кои симболизираат одредени апликации за Ајфон. Штом ја ставите чашата на некоја од нив, нема ништо посебно да се случи, но дефинитивно ќе изгледа интересно за гостите. Овие подлоги за чаши доаѓаат во пакет од 16, а чинат скоро 60 долари.

3. Кафе-масичка во вид на џиновски Ајфон

Креативни производи инспирирани од Ајфон

Ова е одличен спој за љубителите на уникатни масички за кафе, кои се воедно корисници на Ајфон. Оваа масичка е целосно изработена од картон, а најдобрата работа е што иконите можат да се отстрануваат и по потреба да се враќаат на нејзината површина за да се користат како подметачи. Изработена е од страна на неколку читатели на веб-сајтот iLounge.

4. Ајфон-перница

Креативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од Ајфон

iCushion е кул перница во вид на џиновски Ајфон, која дури има и скриено џепче за чување на вистински Ајфон.

5. Ајфон-обетки

Креативни производи инспирирани од Ајфон

Овие обетки може да бидат интересни или за преголемите обожавателки на овој гаџет или пак за оние кои не можат да си дозволат да го купат, но можат да се помират со ваква евтина замена за него.

6. Ајфон-бележници

Креативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од Ајфон

Notepod претставува бележник за кратки пораки и телефонски броеви кој од едната страна е дизајниран како Ајфон. За 18 долари, се добива пакет од 3 бележници, секој од нив по 100 страни. За жал, изгледа дека производителот повеќе не ги произведува.

7. Ајфон колачиња

Креативни производи инспирирани од Ајфон

Овие иконки изгледаат многу вкусно, но зарем не би ви било жал да ги јадете? Ако не ви е, ете една интересна идеја за следниот пат кога ќе појдете во слаткарница за да направите нарачка за колачи.

8. Чаршав за кревет

Креативни производи инспирирани од Ајфон

Ако веќе ги имате останатите предмети кои се инспирирани од Ајфон, добро е да ја зачините колекцијата и со еден чаршав инспириран од неговиот брат Ајпод тач.

9. Ајфон матарка

Креативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од Ајфон

Иако личи како Ајфон на кој му навлегла течност во внатрешноста, всушност се работи за добро дизајнирана матарка, на која копчето за вклучување претставува отвор од каде се излева алкохолот кон устата. Дизајнер на овој концепт е Dhanai Holtzclaw.

10. Огромна Ајфон хај тек маса

Креативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од Ајфон

Ако не можете да се стрпите додека да излезе Ајфон 5, зошто да не набавите една огромна верзија од Ајфон 4, со 40-инчен екран и функции кои можете да ги користите и на оригиналниот Ајфон. Дизајниран од германски инженер, т.н. iTableous е воедно и маса, која може да се сврти вертикално за да се користи полесно. Сепак, пред да се залетате по овој „гаџет“, знајте дека сепак ги нема сите функции како оригиналниот производ на Епл. Неговиот екран не е осетлив на допир и со него не можете да им се јавувате на пријателите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар