Креативни цитати за вистинското пријателство

Љубовта, пријателството и семејството се основата на човечкото постоење. Затоа денес, одвојте дел од вашето време за да се потсетите на вредностите кои треба да ги крие секое вистинско пријателство, преку овие мудри мисли. Запомнете дека можеби познавате многу луѓе, но малкумина ви мислат секогаш добро.

Креативни цитати за вистинското пријателство

 

„Ако твоето срце нема пријателска порта, ти си од погрешна сорта!“

„Кучето за разлика од човекот има многу пријатели бидејќи мавта со опашот, а не со јазикот.“

„Кога одбираш пријатели не брзај, а уште помалку кога ги менуваш.“

„Вистинските пријатели се како дијаманти, ретки но скапоцени. Лажните пријатели се како есенско лисје – ги има во изобилие!“

„Пријател ти е оној што може да ја препознае мелодијата на твојата душа.“

„Пријателите се како парите: полесно се спечалуваат одошто се задржуваат.“

„Пријател ти е тој што верува во тебе, тогаш и кога сам не веруваш во себе.“

„Создавај нови пријатели, но чувај ги и старите. Првите се сребро, а вторите се злато!“

„Новите пријатели се како зелени плодови: не знаеш дали ќе испаднат слатки или кисели.“

„Пријателот ти е најдоброто огледало.“

„Кога тишината не ти е непријатна, знаеш дека си помеѓу пријатели.“

„Секој го слуша она што го кажуваш, но само пријателот може да го чуе тоа што не го кажуваш.“

„Парите те прават богат, но пријателите те прават вреден.“

„Ако пријателството со некого треба да го купуваш, тогаш немој воопшто да се трошиш.“

„Лажните пријатели се како сенките – присутни се кога е сончево, а ги снемува кога е облачно.“

„Вистинскиот пријател ќе проба да те утеши, а ако не може, ќе седи до тебе и ќе ти прави друштво.“

„Пријателите се како штедна книшка: од нив можеш да извлечеш толку колку што си вложил.“

„Тој што им е пријател на сите, не му е пријател никому.“

„Ако за секоја своја услуга бараш противуслуга, тогаш не си подарил, туку си продал!“

„Прекинатото пријателство е како скинат конец: може да се состави, но јазолот ќе остане.“

„Пријател е оној што твоите непријатели ги смета и за свои непријатели.“

„Несреќните бракови не се такви поради отсуство на љубов, туку поради отсуство на пријателство.“

„Ако најдобриот пријател на човекот му е кучето, тогаш човекот си има сериозен проблем.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар