Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула

Како што ќе пристигнете во хотелот „Shangri-La Hotel“ во Париз, веднаш ќе се почувствувате кралски и тоа не само поради неговата елегантна фасада и гламурозен внатрешен дизајн, туку бидејќи тој е бившиот дом на принцот Роналд Бонапарта, внук на Наполеон Бонапарта.
Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кулаВнимателниот персонал и дискретното пријавување во хотелот, веднаш ќе направат и вие да го почувствувате кралскиот третман. Воедно, погледот од вашата соба кон Ајфеловата кула и кон реката Сена, тотално ќе ве вџашат. Старовремската елеганција на собата, вкусно уредена од рацете на професионалци, совршено го отсликува градот кој лежи под неа.
Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кулаХотелот располага со 101 соба и 36 апартмани и сите се различно дизајнирани. Ентериерот нуди пријатна хармонија од текстури и бои и неверојатна удобност. Секоја соба има мермерна бања со загреан под, када и туш низ кој водата паѓа како дожд и двојно лавабо над кое има рамен екран, интегриран во големо огледало. Повеќето од собите имаат големи прозорци кои овозможуваат убав влез на природна светлина, а дел од нив имаат и поглед кон Ајфеловата кула директно од кадата. Во секоја соба има козметички производи од линијата „BVLGARI White Tea“.
Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула (12) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk (13) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk (14) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk (15) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk (16) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk (17) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk (18) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk (19) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk (20) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk (21) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар