Корисник на Редит во живо пренесувал како го изневерува сопругата

Корисник на Редит во живо пренесувал како го изневерува сопругата

Гледаме како многумина постираат сè и сешто на социјалните мрежи правејќи да се чувствуваме чудно поради тоа. Не сме навикнати да гледаме секакви работи да бидат јавно објавени, а тоа во меѓувреме многу брзо навлезе во нашите животи. Сега имаме и приказна за корисник на Редит кој во живо пренесувал како дознава дека сопругата го изневерува, а потоа прима совети од другите членови на социјалната мрежа пред да продолжи со следните чекори.

Приказната за човекот кој пренесувал во живо на интернет како го мами сопругата

Тој почнал со претставување, велејќи дека се во брак со сопругата Џени веќе осум години. За да ја опише нивната блискост нагласил дека никогаш немале некоја голема караница, не биле одвоени на подолг период, па дури си ги размениле лозинките од телефоните и имејл адресите. Еден ден, таа требало да излезе надвор заедно со неговата снаа Карли додека тој, брат му и пријателите требало да гледаат фудбал. Слушнал дека на нејзиниот телефон стигнала порака и видел дека таа е од неговиот брат којшто бара да ѝ пренесе нешто на Карли затоа што таа го изгубила телефонот. Сакал тој самиот да одговори затоа што неговата сопруга сè уште спиела. Тоа е моментот кога забележал дека таа разменува пораки со сексуална содржина со некој си Зак.

Откако го постирал ова на Редит, оние кои го следат почнале да му праќаат пораки со совети за тоа како да постапи понатаму. Бргу ангажирал адвокат за развод и приватен детектив кој требало да ги следи жена му и снаа му на нивниот „женски викенд“. Продолжил со објавување на својата приказна на интернет, а тоа изгледало вака:

17.1.2015 16.04: Пристигнаа во хотелот. Зак, Џени и уште еден човек се движат кон хотелот, а Карли изгледа е внатре. Претпоставувам дека другиот човек е швалерот на Карли. Да беше платен убиец ќе беше повисок и поснажен. Овој е само просечен тип, дури и малку низок. Не знам како приватниот детектив може да се движи без да го забележат.“

17.1.2015 16.11: Мојот приватен детектив ги следеше до рецепција, каде што Џени зеде клуч и сите тројца се упатија кон лифтот. Сега не можеме да видиме ништо и не знаеме што се случува во хотелската соба. Детективот сака да знае дали да го надгледува хотелот или да си оди. Се чини дека ќе го поминат денот во собата и најверојатно ќе спијат заедно таму.“

17.1.2015 16.14: Добро, значи сите четворица се внатре во хотелската соба и прават нешто, најверојатно имаат секс. Помислата дека жена ми има секс со друг човек ме тера на повраќање, но се држам. Нема шанси детективот да се качи горе и да дознае што прават. Ќе го надгледува хотелот уште неколку часа, а потоа ќе си оди.“

Потоа тој му кажал на брат му што се случува, па подоцна заедно се соочиле со двете сопруги. Тие прво се правеле на удрени, но потоа признале. Според тоа што го кажале, Џени спиела со Зак, а Карли не го сторила тоа, иако имала намера. И тоа било ставено на Редит:

„Брат ми имаше израз на олеснување и гнев на лицето. Ги прекоруваше петнаесетина минути поради лажењето, им кажа колку многу нè повредиле, а тие плачеа сè повеќе. Бев бесен. Мислев дека бракот ни е супер затоа што таа никогаш не покажа знаци дека би можела да ме изневерува. Ја прашав колку долго трае ова, но таа не одговори ништо. По неколку минути плачење рече дека прв пат имале секс пред неколку недели. Бев уништен, но сфатив дека тоа е тоа што таа го сака. Си поигра со моите чувства, но очигледно таа не е некој што се врзува. Сака да спие со други мажи и јас немам проблем со тоа, само што не можеме да останеме заедно и затоа јас продолжувам со разводот.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар