Корисни изуми кои не сте знаеле дека постојат

Светот е полн со генијалност, само треба да ја пронајдете. Овие изуми може многу да ви ги олеснат секојдневните работи, а најверојатно не сте ни помислиле дека постојат. Термометар за вино, мерач на нитрати во храната, кригла за повеќе пена во пивото…

1. Мерач за нитрати во храната

2-11-korisni-raboti-za-koi-ne-ste-znaele-deka-postojat-a-koi-vednash-kje-posakate-da-gi-imate-vo-vashiot-dom-www,kafepauza.mk_

Една стара поговорка гласи „Ние сме она што го јадеме“. А, постои ли полесен начин да дознаете што всушност јадете од тоа да измерите што сѐ се наоѓа во вашата храна. Денес во намирниците се додаваат многу токсични состојки, за тие да изгледаат раскошно и свежо, но со помош на овој мерач не може да се вовлече ниту еден нитрат на кој не му е местото во вашиот дом.

2. Термометар за вино

3-11-korisni-raboti-za-koi-ne-ste-znaele-deka-postojat-a-koi-vednash-kje-posakate-da-gi-imate-vo-vashiot-dom-www,kafepauza.mk_

Сигурно знаете дека виното се пие на одредени температури и дека не е добро да го ладите во фрижидер, но како да дознаете дали вашето вино е со соодветна температура за пиење ако веќе не сте го чувале во фрижидер? За оваа цел може да ви помогне овој термометар, кој е неопходен уред за сите вистински љубители на вино.

3. Кригла за правење дополнителна пена во пивото

4-11-korisni-raboti-za-koi-ne-ste-znaele-deka-postojat-a-koi-vednash-kje-posakate-da-gi-imate-vo-vashiot-dom-www,kafepauza.mk_

Луѓето може да се поделат на два вида, на оние кои го пијат пивото без пена и на оние кои го пијат со пена. За љубителите на пенливото пиво пристигнува кригла која ќе ви овозможи уште поголемо уживање. Оваа кригла може да направи повеќе пена и тоа без разлика дали таа е полна до врв или веќе сте испиле половина од пивото.

4. Чистач на влакна од одводот

5-11-korisni-raboti-za-koi-ne-ste-znaele-deka-postojat-a-koi-vednash-kje-posakate-da-gi-imate-vo-vashiot-dom-www,kafepauza.mk_

Ова е нешто што сте го чекале целиот живот – чистењето на одводот никогаш не било полесно, а кога ќе го испробате за прв пат, ќе видите колку влакна всушност губите од себе. За да го употребите не ви е потребна физичка сила, а ќе го уловите дури и најмалото влакно.

5. Покривач за бричење

6-11-korisni-raboti-za-koi-ne-ste-znaele-deka-postojat-a-koi-vednash-kje-posakate-da-gi-imate-vo-vashiot-dom-www,kafepauza.mk_ - Copy

Не е познато дали овој уред повеќе го сакаат мажите или жените. Нема повеќе собирање на влакна и чистење на лавабото откако вашиот партнер ќе се избричи. Ова е најгенијалниот изум на деценијата.

6. Маса која се витка и склопува

7-11-korisni-raboti-za-koi-ne-ste-znaele-deka-postojat-a-koi-vednash-kje-posakate-da-gi-imate-vo-vashiot-dom-www,kafepauza.mk_

Кога ќе ви затреба малку дополнителен простор, само извадете ја оваа масичка од фиоката. Ова парче мебел ќе ви олесни многу, а може толку убаво да се склопи што буквално можете да го чувате во малку подлабока фиока.

7. Детска капа за бањање

8-11-korisni-raboti-za-koi-ne-ste-znaele-deka-postojat-a-koi-vednash-kje-posakate-da-gi-imate-vo-vashiot-dom-www,kafepauza.mk_ - Copy

Оваа супер капа спречува течење на шампонот низ лицето што може да направи иритација и чешање на очите кај детето. Со оваа капа повеќе нема да има борба околу бањањето.

8. Мерач за големина на стапалата

9-11-korisni-raboti-za-koi-ne-ste-znaele-deka-postojat-a-koi-vednash-kje-posakate-da-gi-imate-vo-vashiot-dom-www,kafepauza.mk_ - Copy

Изгледа чудно и можеби непотребно, но е одлично доколку сакате да купите нешто онлајн или да му подарите нови обувки на некого. Повеќе нема да се двоумите што да ѝ купите на вашата девојка за подарок, ниту дали ќе ѝ одговара големината.

9. Селфи стап за кучиња

10-11-korisni-raboti-za-koi-ne-ste-znaele-deka-postojat-a-koi-vednash-kje-posakate-da-gi-imate-vo-vashiot-dom-www,kafepauza.mk_ - Copy

Доколку имате куче, тогаш знаете колку е тешко да направите селфи фотографија со него. Барем не фотографија на која тоа седи и позира. Со овој изум ќе ви биде полесно. Всушност ова не е селфи стап, туку додаток за телефон на кој можете да ја ставите омилената играчка на вашиот миленик и да бидете сигурни дека тој за време на фотографирањето ќе гледа право во вашиот телефон.

10. Прекривка за задното седиште од автомобилот за милениците

11-11-korisni-raboti-za-koi-ne-ste-znaele-deka-postojat-a-koi-vednash-kje-posakate-da-gi-imate-vo-vashiot-dom-www,kafepauza.mk_

Возењето со милениците никогаш не е лесно, особено кога ќе помислите колку влакна ќе морате да исчистите од седиштето. Оваа прекривка ќе ви помогне во чистењето, само треба да ја извадите и тоа е сѐ.

11. Справа за вежбање на карличните мускули

12-11-korisni-raboti-za-koi-ne-ste-znaele-deka-postojat-a-koi-vednash-kje-posakate-da-gi-imate-vo-vashiot-dom-www,kafepauza.mk_

Вежбањето е добро за вашето тело, но можеби не сте помислиле дека дури и овие мускули ќе можете да ги истренирате. Оваа справа е едноставна за употреба, а можете да ги вежбате и рацете со неа, поточно пазувите.

Доколку сакате да готвите, тогаш погледнете ги овие креативни кујнски помагала кои веднаш ќе посакате да се најдат во вашата кујна.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар