Конечно одговорено! Што било прво, јајцето или кокошката?

Што било прво, јајцето или кокошката? Јајцето, не – кокошката, не – јајцето, не – кокошката… Самото прашање е доволно за главата да почне да ви се врти околу вратот. Сите ние сме поминале низ логиката и голем дел од нас завршиле на истото место од каде што сме почнале. Но, сепак тоа никогаш не нè спречило да продолжиме со запрашување.

Конечно одговорено! Што било прво, јајцето или кокошката?

За наша среќа, наредново видео конечно може да стави крај на многуте неспани ноќи поминати во размислување на оваа тема.

Во основа, пред многу, многу години постоела некоја птица која наликувала на кокошка. Таа генетски била многу блиска до пракокошката. Во некој момент, при спојувањето на гените од пракокошката и прапетелот се случила некаква мутација која резултирала со бебе малку поразлично од своите родители. И покрај тоа што биле потребни неколку милениуми за оваа разлика да биде забележена, тоа јајце било доволно различно за да биде официјалниот креатор на нов вид, денес познат како кокошката. Тоа значи дека во обвивката, две птици кои всушност не биле кокошки создале јајце од кое настанала кокошката. Па, ете го и одговорот. Јајцето било прво.

Што мислите вие? Се согласувате ли со овој одговор на мистеријата? Секако, и понатаму останува неодговорено прашањето: што било прво, прајајцето или пракокошката? :)

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Сара Reply

    mene od sekogas mi bese jasno deka jajceto doslo prvo…zatoa sto i pred kokoskata imalo nekoi praistoriski zivotni koi nosat jajca….koga se soedinile dve edinki koi ne bile od ist vid (a licele na denesnite kokoski)nastanala kokoskata OD JACJE

  2. влатко Reply

    Кокошката е прва, она може да долета од секаде а јајцето не може.

Остави коментар