Кондом кој се отвора само со една рака

Кондом кој се отвора само со една рака

Ниеден пар не ги сака оние моменти, непосредно пред самиот почеток на сексуалниот чин, кога машкото треба да посегне по презервативот. Тие неколку секунди додека тој го извлече кондомот од непрактичната кесичка, можат и тоа како да го убијат нивното сексуално расположение, кое требало да се одвива спонтано.Кондом кој се отвора само со една ракаЗа таа цел, британскиот дизајнер Бенџамин Павл, смислил пакување за кондом, кое може да се отвори само со една рака. Тој смета дека овој концепт би требало да им ја зајакне самодовербата на партнерите, како и да им го зголеми чувството на задоволство и опуштеност, кога тоа е најмногу потребно.

Зошто кондомот да претставува отежнувачка околност за време на сексот?“ – додава Бен

Инаку, концептот е многу едноставен, бидејќи на едната страна на пакувањето се наоѓа перфорација, која овозможува да го отворите со помош на два прста.

Бен признава дека на неговиот студентски проект му е потребно понатамошно усовршување, пред да може да се најде во продажба низ трафиките, но сепак прототипот на неговиот изум е вреден за внимание. Неговиот дизајн ќе биде претставен на претстојниот лондонски фестивал на дизајни.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар