Компанијата „Орео“ ќе ви плати половина милион долари ако смислите нов вкус за познатите колачиња!

Компанијата „Орео“ ги пушти во продажба најновите колачиња со вкус на „огномет“ (Firework-flavoured) во вторникот, но тоа не е единствената причина за славење. Имено, познатата фирма за Орео колачиња ги повика потрошувачите да го смислат најновиот вкус за овој познат десерт.

Компанијата „Орео“ ќе ви плати половина милион долари ако смислите нов вкус за познатите колачиња!

Победничката идеја ќе добие дури 500.000 долари! Но, и првите неколку места ќе заработат пари. За да се пријавите, објавете ја вашата идеја на Инстаграм или Твитер со тоа што ќе ги употребите хаштаговите #myoreocreation и #contest.

Орео ќе одбере три финалисти кои ќе добијат по 25.000 долари и ќе ги видат нивните идеи реализирани во продавниците ширум светот наредна година. Потоа, луѓето ќе можат да гласаат за да го одберат победникот кој ќе добие ни помалку ни повеќе, туку 500.000 долари!

Креативните љубители на колачиња имаат можност да смислат предлози до 14-ти јули. Наша препорака е уште веднаш да отидете до продавница и да си купите Орео колачиња за да добиете инспирација.

Погледнете некои од идеите во следново видео…

Доколку немате никаква идеја, погледнете ги овие 3 слатки десерти со Орео колачиња, па можеби ќе се сетите на нешто интересно.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар