Kолку треба да вежбате доколку седите за време на целиот работен ден?

Kолку треба да вежбате доколку седите за време на целиот работен ден?

Доколку поголемиот дел од денот седите, тоа воопшто не е добро за вас. Истражувањата покажале дека доколку подолг период останете во мирување (на пример, осумчасовното седење на работа), тоа може да биде штетно за вашето здравје. За да ги отстраните негативните ефекти, потребно е да започнете со вежбање.

Според истражувањата, еве колку треба да вежбате доколку седите поголем дел од времето

Една нова студија, објавена во медицинското списание „The Lancet“, покажува идеална формула за справување со негативните ефекти кои произлегуваат од повеќечасовното седење на работа. Наместо да поминувате во вежбање одреден број часови, тие треба да бидат прилагодени според тоа колку седите. Имено, луѓето што имаат типичен осумчасовен работен ден, треба да поминат најмалку еден час во движење, а пак оние кои седат шест часа дневно, треба да вежбаат половина час. Истражувањето исто така посочува дека ова вежбање не мора да биде одеднаш, а ниту пак премногу да се форсирате. Распоредете ги овие часови активност во текот на целиот ден, а тоа може да биде и нешто едноставно, како на пример пешачење.

Тимот што стои зад оваа студија анализирал податоци од еден милион возрасни над 45 години во Западна Европа, САД и Австралија. Користејќи претходни податоци, истражувачите испитувале 16 објавени студии за да утврдат колку вежбање е потребно за да се надополни со седењето. Нивните препорачани дневни вежби биле повисоки од претходниот совет, но добро е да се следат со цел да го заштитите вашето здравје.

Може да ви звучи застрашувачки кога ќе помислите дека треба да вежбате еден час, но запаметете дека постојат многу вежби кои може да ги направите пред и после работа. Дури и ако тоа вклучува прошетка од десет минути за време на ручекот, вашето тело ќе ви биде благодарно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар