Колку стари биле најстарите диносауруси?

Диносаурусите сè уште успешно успеваат да прикријат колку родендени славеле во далечното минато. Но, научниците откриле неколку мудри начини со кои можат отприлика да претпостават колку долго живееле овие антички рептили.Колку стари биле најстарите диносаури?За да одреди колку долго и брзо растел Тираносаурус Рекс, палеонтологот Марк Норел од Американскиот музеј за природознание, заедно со неговите колеги броеле колку прстени има во коските на античките диносауруси. Слично како и кај прстените на дрвјата, секој прстен во коската на диносаурусот одбележува една година живот.

„Со истражување на седум примерока, ниe откривме дека еден Тирекс станувал возрасен на 19-годишна возраст. Најстариот Тирекс кој имавме можност да го проучуваме беше примерокот наречен Сју во Музејот Филд, Чикаго. Тој има 28 години. Тирексите растат многу брзо – за време на првите 4 години, тие добивале по 2,2 килограми дневно.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар