Колку соништата ни влијаат на животот во реалноста?

Дали некогаш ви се случило да сонувате некоја ваша блиска личност во негативен контекст, а после будењето да продолжите да ѝ бидете лути? Не сте единствени, бидејќи најновите истражувања покажуваат дека содржината од нашите соништа се пренесува многу лесно во нашите животи.

Колку соништата ни влијаат на животот во реалноста?

Овие соништа, според објаснувањата на експертите, покренуваат конфликти и сомневања во нас.

Голем број истражувања веќе докажаа дека нашиот реален живот влијае врз соништата, но најновите истражувања покажуваат дека и соништата влијаат на стварноста, односно на нашето однесување.

Според истражувањата, сништата најмногу влијаат на меѓучовечките односи, особено на љубовните. Така на пример, можете да сонувате како партнерот ве изневерува и цел нареден ден да му бидете лути, а поради тоа да настане конфликт.

Во ова истражување учествувал 61 човек, а научниците кажуваат дека ова е само почеток на нови откритија за испреплетеноста на соништата и вистинскиот живот, како и нивното меѓусебно влијание.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар