Колку се остава бакшиш во земјите ширум светот?

Во македонските кафулиња, ресторани и дискотеки, бакшишот не е вклучен во фискалната сметка. На таксист или на собар во хотел пак, некој да му остави бакшиш, е стварно ретка појава. Вработените во услужните дејности се оставени на милост или немилост од страна на муштериите, молејќи се во себе „дај Боже денес да добијам поголем бакшиш, за да ми падне в џеб некој денар плус“. Ова е жалосен податок со оглед на тоа што кај нас оваа работа ја работат навистина огромен број млади, а и повозрасни луѓе.

Во многу земји ширум светот (освен некои од азиските), бакшишот морате да го дадете бидејќи е вкалкулиран во самата сметка, а некаде се остава и додатно доколку сте многу задоволни од услугата. Да се надеваме дека навиките во културата еден ден ќе се променат и кај нас.

Колку се остава бакшиш во земјите ширум светот?

Во меѓувреме келнери: ставете широка насмевка на вашите лица додека послужувате, а вие муштериите, не бидете толку скржави, 20-30 денари нема да ве осиромашат, а на вработениот ќе му го направите работниот ден прекрасен! Погледнете каква култура постои во земјите ширум светот, во врска со оваа работа.

Велика Британија

Во повеќето делови од земјата услугата е вклучена во сметката, а доколку не е, тогаш се очекува дека гостите сами ќе се сетат дека е културно да остават. Доколку на сметката пишува дека бакшишот е опционален, тогаш од вас ќе зависи дали сакате да оставите бакшиш или не. Давањето бакшиш во пабовите, не е вообичаена пракса. Бакшишот изнесува 10-15% од вкупната цена.

Швајцарија

Иако на повеќето услужни места во цената е вклучен 15% бакшиш, оставањето додатен помал бакшиш, е исто така пракса во помодерните ресторани. Сè зависи од тоа колку сте задоволни од услугата на келнерот. Доколку се прашувате како треба да постапите, подобро оставете плус пари или прашајте некој мештанин за совет.

САД

Во Соединетите Американски Држави давањето бакшиш на луѓето кои работат во услужните дејности, е најнормална појава. Сите угостители, такси возачи, фризери и хотелиери, очекуваат да им оставите бакшиш за добро завршената работа. Тој се движи 15-20% од вкупната сума на сметката.

Колку се остава бакшиш во земјите ширум светот?

Канада

Исто како што е во САД, така и во Канада, бакшишот не е вклучен, но се подразбира освен доколку не си задоволен од услугата. Според тоа, бакшиш се очекува да оставите кога ќе излезете да јадете надвор или кога некој вработен во услужна дејност ќе ви заврши некаква работа. Тој изнесува 15-20%.

Франција

Французите кога јадат оброк во некој локал, најчесто оставаат 10% бакшиш од вкупниот износ на сметката. Ова е додатен бакшиш од оној стандардниот, кој го добивате вкалкулиран во самата сметка. Од друга страна, угостителите не го очекуваат тој додатен бакшиш, освен доколку муштеријата не реши сам да остави, бидејќи бил презадоволен од услугата која ја добил.

Мексико

Во оваа земја, вработените во услужните дејности преферираат да им оставите бакшиш во кеш (а не со кредитна картичка), а не им е проблем и доколку ги почестите со долари. Бакшишот се движи 10-15%.

Бразил

Во рестораните, бакшиш од 10% е најчесто вкалкулиран во самата сметка. Исто така, најчесто не очекуваат од вас да оставите додатно бакшиш по ваша желба.

Аргентина

Во рестораните каде што бакшишот не е вклучен во сметката, ако оставите околу 10% од вкупната сума, вработениот навистина ќе го цени тоа. Не се препорачува да оставате бакшиш во долари. За хотелски портир, „ќе поминете“ и со само 10 песоси.

Колку се остава бакшиш во земјите ширум светот?

Турција

Во рестораните се цени доколку оставите бакшиш барем 10% од износот на сметката. Кај нив се прифаќа бакшишот само во кеш, а можете да оставите лири, долари или евра.

Италија

Оставањето бакшиш околу 10% од сумата која ја плаќате е вообичаена работа, но не повеќе. Интересно, но доколку се возите на гондола, не постои точно определено колку бакшиш да оставите. Најмногу се цени доколку оставите евра.

Кина

Правилото во Кина е дека не постојат бакшиши. Доколку сакате некому да оставите бакшиш, тогаш тоа направете го за некој кој ќе ви направи некоја ретка или луксузна услуга.

Јапонија

Во Јапонија, во принцип не се остава бакшиш, освен за некои специјални услуги. Најдобро е бакшишот да го оставите во јени.

Колку се остава бакшиш во земјите ширум светот?

Јужна Кореја

Бакшишот никогаш не се очекува од туристите, особено не во рестораните. Хотелиерите се сложуваат да земат по 1 долар од торба.

Австралија

Пред дваесет години и тука не се оставаше бакшиш, но сега е вообичаено муштеријата да остави додатни 10-15% од износот на сметката, за квалитетната услуга.

Египет

На повеќето места се оставаат дополнителни 5-10% на бакшишот кој веќе е вклучен во самата сметка. Најмногу се ценат американските долари.

Индија

Во некои помали местенца неколку рупии (валута во Индија) ќе завршат работа. На повеќето места се остава 10% бакшиш, но внимателно проверете дали секаде се впишани во сметката. Не се препорачува да оставите долари.

Колку се остава бакшиш во земјите ширум светот?

Подетална анализа на бакшишот во САД

Ресторани и барови

Келнер/ка:
  • 15% од сметката е доволно
  • 20% од сметката се остава за одлична услуга
  • Не помалку од 10% за лоша услуга
Сомелиерот:
  • 15% од вредноста на шишето вино
Шанкер:
  • 15-20% од сумата на сметката или минимум 50 центи за безалкохолни и 1 долар за алкохолни пијалаци
Човек што работи на гардероба:
  • 1 долар по палто
Паркинг опслужувач:
  • 2 долари за да ти ја доведе колата

Колку се остава бакшиш во земјите ширум светот?

Секојдневие

Таксист:
  • Во зависност од локацијата, отприлика 15% плус би било сосема доволно
  • Дополнителни 1 до 2 долари се плаќа за помош со багажот
Достава на храна:
  • Најмалку 10% од висината на сметката, а за покомплицирани достави 15-20%
Фризер:
  • Околу 15-20% од сумата, минимум 1 долар за потшитување
  • За миење коса, бричење и слично дополнителни 1 или 2 долари
Спа-услуги и масажи:
  • Се препорачува да се остави дополнителни 15-20% бакшиш од сумата на услугата
  • Доколку услугата ја врши сопственикот на салонот, тогаш не се остава бакшиш
Кафе и храна за носење:
  • Овде бакшишот обично се остава во голема тегла и е опционален

Колку се остава бакшиш во земјите ширум светот?

Хотелски услуги

Хотелски вратар:
  • 1 долар за носење куфер
  • 1 долар за викање такси
Хотелски портир:
  • 1 долар за носење багаж
Хотелски домаќин/ка:
  • 2-5 долари по ден

Во македонските кафулиња, ресторани и дискотеки бакшишот не е вклучен во фискалната сметка. На таксист или на собар во хотел некој да му остави бакшиш, пак е стварно ретка појава. Вработените во услужните дејности се оставени на милост или немилост од страна на муштериите, молејќи се во себе „дај Боже денес да добијам поголем бакшиш, за да ми падне в џеб некој денар плус“. Ова е жалосен податок со оглед на тоа што кај нас оваа работа ја работат навистина огромен број млади, а и повозрасни луѓе, а воедно и поради тоа што во многу земји ширум светот (освен некои од азиските) бакшишот морате да го дадете бидејќи е вкалкулиран во самата сметка, а некаде се остава и додатно бакшиш доколку сте многу задоволни од услугата.

Да се надеваме дека навиките во културата еден ден ќе се променат и кај нас. Во меѓувреме келнери: ставете широка насмевка на вашите лица додека послужувате и бидете љубезни, а вие муштериите не бидете толку скржави, 20-30 денари нема да ве осиромашат, а на вработениот ќе му го направите работниот ден прекрасен! Погледнете што се случува во земјите ширум светот, кога станува збор за оставањето бакшиш.

Се сеќавате ли на некои постапки од страна на муштериите кои ги нервираат келнерите?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Јас Reply

    Каков бакшиш од 10% во Италија бре? Сте биле ли вие таму? Јас работев неколку години и вкупно немам 20 евра бакшиш земено. На сметка нема ништо калкулирано, а мислам дека грешите и за Франција ама ај..

    Многу непроверени информации имате во текстов, ќе се степаат нашиве конобарчиња да фатат у Европа. Не е баш така.

    И сумите за Јужна Америка се крајно чудни меѓутоа не можам да тврдам.

    • Кафе пауза Reply

      Информациите се проверени и се однесуваат на културата во земјите, а не се базирани на поединечни искуства.

  2. vrabotena Reply

    Molam? Sakam ednash godishno da si priushtam ubav odmor za toa shto sum ‘rmbala cela godina, kje frlam bogatstvo za avionski bilet, avionska taxa, hotelsko smestuvanje, i vo tie 10 dena jas i na kelneri, i na sobarki, i na vratari i na taxi povikuvachi i na vrata-otvarachi i na lift prevoznici da im davam kako shto kazuvate procentualno ili na odredeni po minimum 2evra pa jas ushte 300 evra ke treba na bakshish da frlam, so tie 300 evra mozam nekoj fakultativen izlet da napravam dodeka sum negde na odmor, i da go vidam toa shto cel zivot sum go gledala po televizii, portali i slichno, nemozeme da se sporeduvame nie so ostanatiot del od svetot, jas shtedam za da soberam barem 1500evra za odmor, i se otkazuvam od mnogu raboti koi gi sakam, samo da odam na ubavo mesto da ODMORAM i da VIDAM-DOZIVEAM a ne bakshish da davam, za nashi standardi najmnogu shto bi mozele da dademe e bakshish maximum 2 pati vo tie 10 dena odmor, a shto se odnesuva do davanje BAREM 20-30 denari na nashite kelneri/ki, sekoj den rabotat po 8 chasa, vo tie 8 chasa da sluzat na 20 masi i sekoja masa da dava po 30 denari bakshish toa se 600denari dnevno od bakshish i 400 denari dnevnica od kafichot 1000ka, da receme rabotat 23 dena mesecno dobivaat 23 000 denari, malce im e ? pa ajde site ke rabotime kelner/ki nikoj nema da sedi za 15 000 denari pred kompjuter (vid da rasipam) ili na shalter vo Banka

    • igor Reply

      @vrabotena
      девојко извини вака ама виде ти некаде во текстот да пишува колку треба да остави македонецот бакшиш кога оди на одмор? или па пишуваше во која земја какви се обичаите за оставање бакшиш и како “би требало” да се однесуваат туристите доколку ја посетат истата. многу им е гајле на нив за тоа колку ние во Македонија зимаме плата, прочитај го текстот уште еднаш убаво па после коментирај..

    • kala Reply

      pa raboti de kelnerka so ne rabotis?i znaes ti dali ostavale po 20-30 i mesecno presmeta deka imale 23000?ccccccccc.

    • Kelnerka Reply

      Najiskreno ti si mushterija koj retko nekoj kener bi go posakal. Koj ne rabotel kelner/ka ne znae kako e.. Makar sto sekoja rabota si ima svoja tezina.Vo najgolem procent od ugostitelskite objekti se raboti i povekje sati za istata dnevnica, jas sum rabotela i po 10-12 sati vo denot. Slobodnite denovi se retki, drazavni praznici se rabotat, vo nekoi objekti navecer se raboti i do 02h-03h. Ima mesta kade cekas plata so meseci, ili nekogas ne ja ni dobivas, zdravstveno osiguruvanje poretko,… Rado bi se menuvala so nekoj/a na shalter vo banka kade se znaat rabotni saati, nerabotni denovi, odmor, osiguruvanje, redovna plata od min-15 000 na sekoj 01vi vo mesecot i sl.beneficii.

    • Natasha Reply

      Ostavanjeto baksis e del od licnosta i sopstvena kultura.Sum imala iskustvo so luge koi zarabotuvaat mnogu pomalku od kelnerot no ke ostavat baksis,isto taka i licnosti koi istiot den potrosile 3000-4000 evra za canti i cevli a za ispienoto kafe ne ostavaat ni 5 den…….Zalno!!!

  3. NIkac Reply

    Jas rabotev kako kelner vo SAD edno 4-5 meseci i mozam da vi kazam deka vo SAD se ostava baksis zosto platite na kelnerite odat daleku pod zakonski minimum.

    Primer vo drzavata ja kaj sto rabotev minimalna plata bese 7.50 dolari sat a kelneri se plakaa 3.5 dolari sat. Vo SAD se smeta deka uloga na musterijata e da go plaka kelnerot a ne rabotodavecot.

    Ako kelnerot ne zaraboti od baksisi plata sto bi bila ednakva na 7.50 dolari sat togas rabotodavecot go plaka 7.50 dolari sat. Inaku kelner vo SAD nema nikakvi sansi da zaraboti pod minimlanata. Jas tamu rabotev i fizicki raboti, daleku poteski od sluzenje i ke vi kazam deka kelneri zemaat dosta pari za rabota koja ne bara obrazovanie.

    A ako otides vo restoran kako grupa pogolema od 6 lica togas vo smetka ti ide 18% baksis avtomatski i plus mozes da ostavis uste. Ova zavisi od restoranot nekoi avtomatski vsmetuvaat za grupa nad 8 lica nekoi nad 6 itn.

    Vo RM nema potreba od baksisi, toa se gluposti, nikade ne treba da se ostava baksis, neka rabotodavcite gi plakaat solidno so ogled na trudot i se ke bide ok.

  4. jasna Reply

    Spored mene baksisot pretstavuva znak deka musterijata e zadovolen i mislam deka e golema glupost da e zadolzitelen. togas gubi na poenta. sum bila nadvor od mkd na mnogu mesta i sum posetila dosta zemji i edinstveno ok mi bilo vo odnos na baksis onamu kade e navedeno na primer: uslugata ne e vklucena vo cenata. toa e nekako indirekten nacin za da se pobara baksis koj moze no ne e zadolzitelno da go ostavis… Inaku stvarno, koja glupost e toa da bide baksisot 10-20% vkalkuliran vo cenata??? !!!

  5. kelnerka Reply

    poradi kalkulacijata sto ja napisa vrabotena nie kelnerite ne dobivame baksis sekako ako nekogas ja iskusis ovaa rabota ke vidis kolku dobro bi ti dosol toj baksis i jas rabotam ponekogas i po 10-12 a platata redovno ni kasni pa ponekogas se molam za 50 denari baksis a vrabotena ako ostavi 10 denari + na smetkata nema da se osiromasi sigurno….

  6. zlatko Reply

    Taa seljankata sto go rasipala vidot od kompjuter sto raboti na salter ne iskocila od doma nikad nema ni da otide da proseta nigde zasto e mn.skrzava ke si gi cuva parite u tegla za kafe i daj boze da se najde lopov da i gi ukrade. ..ccccc makedonce be dojdi po10 saati na noga da te vidam i takvi kako tebe ke dojdat u eliten restoran ke rezerviraat masa za 4 ke dojdat 2ca.za da im bide pokomotno ke naraacaat pica po pola i ke go izmaltretiraat konobarot(kata) so po 6 casi voda i ke ti drzat masa 5 saati..

Остави коментар