Колку брзо се движи Земјата?

Земјата се врти околу себе (на екваторот) со брзина од околу 1.700 километри на час. Секако оваа брзина е релативна. На пример, ротирањето на Земјата околу себе е најбрзо на екваторот и како што се движите кон половите така постепено и се намалува нејзината брзина.Колку брзо се движи Земјата?Исто така, како патници на Земјата сите ние се движиме околу Сонцето со брзина од околу 107.200 километри на час. Причината поради која ние не ги чувствуваме овие движења е иста како и причината поради која не го чувствуваме движењето на авионот додека летаме со константна брзина. Брзината на еден објект може да се измери само ако се споредува со друг кој има друга брзина, и ние не можеме да почувствуваме какво било движење кога е со константна брзина. Но, тоа не е сè…

Можеби не сте знаеле до сега, но целиот наш сончев систем се движи околу центарот на нашата галаксија со неверојатни 901.300 километри на час. Млечниот пат исто така се движи со големи брзини во однос на другите галаксии околу него. Што се однесува до нас, можеби и целиот универзум се движи, но тоа е веќе навлегување во равенка со премногу непознати.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар