Која од овие кујни повеќе наликува на вашата? Одговорот може да ви открие многу за здравјето

Која од овие кујни повеќе наликува на вашата? Одговорот може да ви открие многу за здравјето

Сè поголем е бројот на луѓе ширум светот кои имаат проблеми со тежината. Прекумерната тежина е едно комплексно прашање, врз кое влијаат повеќе фактори – балансот на хормоните, здравствената состојба, како и средината во која што луѓето живеат и работат. Една нова студија спроведена од Универзитетот во Нов Јужен Велс во Австралија укажува на големото влијание на средината врз здравата исхрана на луѓето. Погледнете ги фотографиите и размислете, која од овие две кујни повеќе наликува на вашата?

(1) Која од овие кујни повеќе наликува на вашата? Одговорот може да ви открие многу за здравјето (2) Која од овие кујни повеќе наликува на вашата? Одговорот може да ви открие многу за здравјето

Со цел да ја докажат тесната поврзаноста на стресот, навиките во исхраната и уредноста на средината, научниците од Универзитетот спровеле еден експеримент во кој учествувале 100 студенти. Тие биле поделени во две групи – првите биле сместени во домови каде што кујните биле уредни и чисти, додека другите во станови со хаотични и натрупани кујни. Студентите биле охрабрени да зборуваат за прашања поврзани со стресни ситуации и непријатни нешта кои ги доживеале во текот на своите животи. Притоа добиле колачи, крекери и моркови.

Резултатите од истражувањето покажале дека студентите кои се сеќавале на одредени непријатни моменти, а кои престојувале во неуредни и натрупани кујни, повеќе посегнувале по колачите, дури двојно повеќе од оние кои биле сместени во уредни кујни. Студијата укажува дека неуредноста на кујните ја намалува контролата при консумацијата на храната. Поради тоа, кога луѓето се наоѓаат во неуредни кујни и простории внесуваат повеќе калории и побрзо се дебелеат. Причините за ваквото однесување на студентите, сметаат научниците, не се изненадувачки. Кога телото чувствува одреден стрес, што многу често може да го предизвика неуредениот и хаотичен простор, има потреба од поголемо количество храна. Исто така, во тие ситуации, во нашиот организам се лачат хормони кои го олеснуваат напластувањето на мастите.

Можеби станува збор за мала, но сепак многу значајна студија. Најважната порака којашто можеме да ја извлечеме од ова истражување е дека неуредниот дом ја одредува средината во којашто живееме, што, пак, влијае врз нашите навики во исхраната. Ова истражување може да се поврзе со едно поодамнешно, спроведено во 2008 година, кое посочува оти луѓето кои имаат проблеми при организацијата и одржувањето на уредноста на своите домови се соочуваат со 77 проценти поголеми шанси да добијат прекумерна тежина.

Иако некогаш изгледа тешко, соберете сила и средете си го домот. Можеби тоа треба да биде првиот чекор при почеток на одредена диета или здрав начин на исхрана и здрав начин на живот. Иако средувањето на домот можеби не е секогаш на листата задачи кои си ги поставувате, обидете се да внесете промена, а резултатите брзо ќе ги забележите. Средувајќи го домот, ги исфрлате сите непотребни работи кои го гушат вашиот простор, а притоа ги разбиструвате и вашите мисли.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар