Која е вашата дефиниција за љубов? 7 личности на различни возрасти го одговараат ова прашање

Која е вашата дефиниција за љубов? 7 личности на различни возрасти го одговараат ова прашање

Љубовта отсекогаш била мистериозна, правејќи ја огромна инспирација за бројни уметници кои низ зборови, фотографии или илустрации се обидувале да ја пренесат оваа прекрасна емоција, секогаш искрена, невина и магична. Во потрага по малку поинакви дефиниции и погледи кон љубовта, побаравме мислење од сосема обични момчиња/мажи и девојчиња/жени од различни генерации, кои ни дадоа кратки, смешни и забавни изјави за начинот на кој тие ја гледаат љубовта. Подгответе се за голема доза смеа и топење!

koja-e-vashata-definicija-za-ljubov-7-lichnosti-na-razlichni-vozrasti-go-odgovaraat-ova-prashanje

„Љубов е кога ќе почувствуваш дека засакуваш некого и потоа одиш да се дружиш со него. Тогаш станувате момче и девојка. А потоа и маж и жена.“ – Марко, 6 години

„Љубов е кога сакаш некое момче и кога ќе се заљубиш во него и кога понекогаш ќе одите заедно во училиште. Потоа сè повеќе ќе се заљубуваш. Љубовта е кога маж и жена сакаат и да го прослават тоа, преку прошетка.“ – Петра, 8 години

„За мене таа е смислата на мојот живот. Навидум разиграна и весела, но всушност тешка и комплицирана.“ – Алек, 15 години

„Љубов е кога читаш рецепти за суфле на германски јазик.“ – Бојана, 26 години

„Љубов е кога наместо вистински паркет ќе наредиш ламинат во станот само затоа што ИКЕА и Инстаграм ѝ рекле дека така треба.“ – Лука, 28 години

„Љубов е кога ќе пронајдеш убавина во несовршена личност што премногу те нервира. Но, сакаш да го поминеш целиот живот со неа бидејќи вашите чувства се оние што всушност се совршени.“ – Драгана, 31 година

„Љубов е кога знаеш сè за една личност, но секој ден, одново, едвај чекаш да дојдеш дома за да поминеш време во нејзино друштво.“ – Надја, 48 години

Љубовта е магична, но понекогаш гледаме низ „розови очила“ и не можеме да ја видиме целата слика. Прочитајте и што е љубов, а што не е!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар