Кој новогодишен подарок би сакале вашите љубени да го добијат од вас?

Кој новогодишен подарок би сакале вашите љубени да го добијат од вас?

Според едно неодамнешно истражување, фантазијата може да ви помогне да ја направите вашата сакана личност среќна за време на празници. Од испитаните парови, 4 од 5, односно 82% изјавиле дека сакаат кога подароците од нивниот партнер се изненадување, додека 35% велеле дека тој подарок дополнително ги расположувал за секс.

Кој новогодишен подарок би сакале вашите љубени да го добијат од вас?

Со цел да ги поттикнат паровите за време на празниците да имаат поинтимни моменти, од компанијата „Дурекс“ објавиле водич кој бил наречен: „10 начини да создадете божиќна магија за вашиот партнер“. Овој водич бил составен од страна на експертот за секс и врски, Сузан Куилиам. Таа советува:

„Иако празниците можат да бидат многу стресен период од годината, обидете се да го најдете најдобриот начин да го искористите своето слободно време и квалитетно да го поминете со вашиот партнер. Божиќ во сите нас буди посебни чувства и возбудувања, па затоа искористете го овој нов извор енергија и пробајте нешто ново во спалната соба.“

Таа додава и дека вие оваа година би требало да заборавите на вашите прекрасни подароци и да му подарите на вашиот партнер нешто секси и неочекувано.

„Обидете се да напишете сопствена кратка секси приказна, а потоа барајте од партнерот да ја прочита на глас или пак, спакувајте се самите себеси како подарок кој вашиот партнер ќе го отвори и потоа ќе добие вистинско божиќно задоволство.“

Кога станува збор за новогодишните одлуки, заборавете на диетата и теретаната. Четвртина од испитаниците, односно 27% од нив би сакале да поминуваат повеќе време со партнерот и токму тоа го ставаат на прво место на својата новогодишна листа за следната година. Исто така, испитаните парови во 2016 година би сакале да ги зачинат нештата во спалната соба, па дури повеќе од петина, поточно 22% велат дека би сакале повеќе секс со партнерот, а 15% изјавиле дека би сакале повеќе авантура во креветот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар