Кој европски народ е најубаво облечен?

Порталот „Zoover“ направил истражување во кое учествувале 12.000 туристи од 20 европски држави, а прашањето било кој европски народ најубаво се облекува.Кој европски народ е најубаво облечен?Според резултатите, најубаво облечени се Италијанците за кои се изјасниле дури 35% од испитаниците. Второто место им припаднало на Французите, додека третото на Швеѓаните.

Помеѓу оние со најмалку стил во Европа се наоѓаат Грците, Германците и Британците, а убедливо најлошо облечени се Полјаците.

Истражувањето покажало дека секој испитаник смета дека неговата земја е најдобро облечена, а потоа својот втор глас го дава за Италијанците.

На прашањето кој е најлошиот стил на облекување, дури 65% од машките испитаници одговориле дека комбинацијата од сандали и чорапи е најлоша, додека 20% рекле дека би забраниле подебелите луѓе да носат мали костими за капење. Кај женските испитанички, 40% одговориле дека не сакаат тесни хеланки, а 20% дека мразат широка облека.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар